Студенти од Универзитетот во Лас Вегас побараа Хилари Клинтон да ги врати 225.000-ти долари колку што во октомври ќе добие за присуство на фандрејзингот за овој факултет.
Со тие пари, контаат студентите, 225 нивни колеги би можеле да добијат стипендии од по 1.000 долари.
Веста за дебело платената ролја на Хилари Клинтон на оваа добротворна акција пукна само неколку недели откако факултетот реши повторно да ги покачи цените за студирање за сите четири години. Завршувањето на овој Универзитет денес е речиси три пати поскапо отколку во 2004-та година.
ПР штабот на Хилари Клинтон проба да ги ублажи нападите наведувајќи колку пати во минатото таа бесплатно држела предавања за благородни каузи.
Вечерата на која ќе присуствува Хилари чини 200 долари а за донација од 20.000 долари се добива спонзорски статус со кој следува и лична фотографија се некогашната прва дама на САД.
"Не стоиме баш добро со пари," изјави таа неодамна убедувајќи ја јавноста дека заедно со сопругот се шворц откако излегле од Белата Куќа во 2001-ва година.