Како секоја добра шпионска агенција ЦИА гледа да има на писмено сè можно што се случило во и вон агенцијата, без разлика дали е тоа тајна акција за киднапирање во Карачи или забелешка за мензата.
Незадоволството на вработените на ЦИА е откриено благодарејќи на Законот за слобода на информациите, со кој новинарите успеваат да ги извадат забелешките.
На списокот има:
- Мислам дека на пример Соте Строганоф е многу повеќе американски отколку руски.
- ... Пепсито што излегува од славината за обично Пепси е Диетално Пепси. Го имаат поврзано погрешниот резервоар на погрешната славина за Пепси. Сепак никој го нема поправено овој проблем. Зошто овој проблем не е решен?
- Ве молам вратете ги единичните пакетчиња кечап, сенф и мајонез. Големите пумпи со овие производи не се погодни за користење, предизвикуваат фрустрација и многу луѓе не ги сакаат.
- Зошто Бургер Кинг што го имаме во зграда не го нуди долар менито, како што го нудат во сендвичарите што им се надвор. Зошто не може да има подобри вработени во мензата? Зошто сите се препотентни?
- Сепак, кога некој состојка е наведена во содржината на Џез Салатата, ве молам потрудете се салатата да ја има оваа состојка. Ви благодарам.