Разно

Светов е вечен понављач

Во 2015 година, светските лидери во рамките на Обединетите Нации си зададоа конкретни теми, задачи и таргети кои треба да ги исполнат до 2030 година за животот на оваа планета да биде подобар и поквалитетен. Како што наближува тој рок, веќе може да се направи реална проценка колку од тоа ќе биде сработено. Ни за преодна оценка.

Тази дупка Е дупка

Астрономите веруваат дека сведочеле на неочекувано будење на една оддалечена црна дупка. Првпат го видел ова и разбирливо се возбудени. А дека се работи за појава со фасцинантен размер говори и фактот дека разбудената црна дупка има маса еден милион ипол пати поголема од масата на нашето Сонце. Дупката засега се вика SDSS1335+0728, но, заслужила да ѝ се смисли подобро маркетиншко име.

Како изгледа кокаин вреден 2,6 милијарди евра?

Германските власти соопштија дека заплениле кокаин од топ класа чија вредност е 2,78 милијарди долари, што е најголемата заплена од ваков вид во Европа. Акцијата била изведена благодарејќи на дојава на колумбиските власти. А што се однесува до самото прашање од насловот, одговорот е 35 метрички тони. 

Збогум ОПЕК, добредојде ФУДПЕК

Нов документарец кој е работен цели 6 години, прецизно ја опишува шемата која стои зад многу, навидум неповрзани економки зделки ширум светот. Зад зделките стојат држави и финансиски инвеститори кои го разбираат значењето на новата дефиниција за „национална безбедност“. Ако во 20-от век главна беше нафтата, Големата приказна на 21-от век ќе биде храната и водата. 

Хантер Бајден осуден, можни 25 години затвор

Хантер Бајден стана прво дете на актуелен американски претседател кој е осуден за федерални кривични дела. Осуден е за сите три обвинувања во еден од двата процеса кои го чекаат пред ноември кога татко му ќе бара повторен мандат. Поротата толку брзо донела пресуда што на читањето на пресудата, во судницата не успеала да стигне ни мајка му на Хантер,

Осигурување нејќе да плати за Северен тек

Адвокатскиот тим што ги застапува осигурителните компании Лојд и Арч тврди дека со оглед на тоа што експлозиите на „Северен тек“ биле со поголема веројатност да бидат оркестрирани од влада отколку да не бидат оркестрирани од влада, тие немаат одговорност да платат за штетите на гасоводите. За да успеат со таа одбрана, компаниите веројатно ќе треба на суд да докажат кој ја извршил саботажата.

Американскиот рамковен ги урниса факултетите

Врховниот суд на Калифорнија минатото лето ја укина таканаречената „позитивна афирмација“ при упис на факултети која во име на инклузивноста и диверзитетот им даваше предност на апликанти од редовите на некои малцинства. Но, штетата е веќе направена. Студенти примени благодарејќи на позитивната дискриминација, во операциона сала не можат да најдат артерија кај човек.

Американски професори губат работа ако се за Палестина

Иако нема официјален извештај за бројот на академски предавачи кои изгубиле работа или се соочиле со суспензија поради поддршката за Палестина, појавата е толку очигледна што на многумина им личи на нов “МекКартизам“, времето во кое во Америка човек не можеше да работи за да се прехрани, ако го осомничат дека е за „Црвените“

После 53 години, заминува Клаус Шваб

Светскиот економски форум сооопшти дека неговиот основач и извршен претседател Клаус Шваб  најавил дека се повлекува. Моќта на Шваб и Форумот е несомнена но нивните противници некогаш ја издигнуваат до митски димензии, сметајќи ги срцето на светското зло. Инфоворс се праша: „Дали Шваб и Сорос ќе се повлечат на некој остров за од безбедно да го гледаат крајот на светот кој го овозможија?“

Дипфејкот станува убав бизнис

Британската мултинационална компанија која стои зад некои од најпознатите објекти во светот, меѓу кои и Оперската куќа во Сиднеј,  призна дека биле жртва на „дипфејк“ измама (реалистични мултимедијални содржини продуцирани со ВИ). На нивен човек во Хонг Конг му направиле дипфејк шашма и овој им исплатил 25 милиони долари на преварантите.

Дојде време да се забрануваат маски

Како во кој момент ѝ одговара на државата, така ќе ви одредува што да правите.  Она што довчера беше задолжително во време на пандемијата, носење маска  на јавно меасто, сега во Америка почнува да се забранува, дури и кога се работи за здравствени маски и дури кога тие се носат исклучиво од здравствени причини. Зошто? За да не може да се криете од полицијата кога протестирате.

Џастин Трудо создава терен за ужасна дистопија

Доживотни казни за нешто што е изговорено? Притвор за „пред-криминал“ како во „Minority Report“ со Том Круз? Анонимни обвинувачи? Сето тоа го има во нацрт законот на Трудо за “онлајн штета“ кој првично беше само за заштита на децата. Перјаницата на глобалниот нелиберален либерализам сака да ја замени канадската лабавост со колективна параноја.

Џек Дорси го брани Илон Маск

Управувањето на Твитер од Илон Маск често се оценува како непредвидливо. Но, коосновачот на платформата, Џек Дорси, го разбира и го брани пристапот на својот наследник: потезите на Маск се неопходни за неговата цел да го направи Икс платформа за слободен говор. Таков модел не е можен ако постои огромна зависност од големите огласувачи, како што беше претходно.

МИТ прекинува со бајките за диверзитетот

Престижниот МИТ стана првиот елитен универзитет кој од идните вработени нема да бара да даваат изјави за тоа како ќе придонесат кон „диверзитетот и инклузивноста“ на институцијата. Сфатиле дека таквите изјави се само празни домашни задачи кои можеби звучат убаво но со ништо не придонесуваат универзитетот да стане она што сака - збир на таленти на кои им се пружаат можности да се развиваат. 

Во Германија се казнува за споделување факти

Поранешна Мис и фотомодел и сегашна локална лидерка на партијата АфД од Ротенбург во Долна Саксонија е прогласена за виновна и казнета со 6.000 евра. Нејзиниот грев? Цитирала статистички податоци за несразмерниот удел на дојденците од Авганистан во силувањата во земјата. Тоа да ти било поттикнување омраза и нетрпеливост.

Дома не се доседува, ни кога не е твоја

Во Џорџија дури минатиот месец бил потпишан закон дека е нелегално да упаднеш во туѓа куќа и таму да живееш, но тој закон ќе стапи на сила во јули. Во меѓувреме, уапсени се шестмина кои го направиле тоа, но не затоа што упаднале и пола година живееле во туѓа куќа од половина милион долари, туку затоа што украле кола од комшиката. Им здосадило на дечките.

Кога МекДоналдс станува скап, јасно е дека има проблем

Резултатите на некои од најпознатите американски корпорации како Медоналдс, Пица Хат, Старбакс и други, покажуваат дека нивните купци го стегнале каишот и намалиле со потрошувачката, водејќи сметка каде ќе го потрошат секој долар. Високата инфлација помина но цените не се намалија туку се стабилизираа, што не е доволно луѓето да се опуштат.

Климатизмот ја напушти науката и стана идеологија

Како резултат на глобалната паника околу темата и драмолетките на Грета Тунберг, многу млади искрено се уплашени дека нема да стигнат да пораснат бидејќи дотогаш климатските промени ќе ја уништат Земјата и животот на планетата ќе го снема. Професор од Кембриџ ја смирува тензијата. Не сме на ивица на пропаста а климатизмот се оддалечи од науката и стана идеологија.

Милијарди валкани долари летаат од Хитроу до Дубаи

Хитроу и Дубаи се меѓу најзафатените аеродроми на светот и на таа рута летаат милиони патници но и милијарди нелегални долари. Таа авионска линија е идеална за перење пари: на едниот аеродром не проверуваат колку пари носиш, а на другиот аеродром си добредојден со сите пари кои си ги понел. На тој налин летаат стотици нилијарди долари. А ние ќе се тресеме за две штеки цигари.

56 компании прават пола од целата пластика

Неодамна пишувавме дека иако грижата на совест за климата упорно се натура на сите поедеднакво, половина од проектите за проширување на капацитетите за вадење нафта и гас до 2050 година се само кај пет земји. Сите богати, сите од север. Сега за пластиката. Една четвртина од целокупната пластика на оваа планета ја пуштааат само пет брендови.

Саудиска Арабија прати инфлуенсерка на долгогодишна робија

Амнести интернешенел неодамна за'ржа кон Саудиска Арабија барајќи да ја прекинат репресијата врз слободата на изразување и веднаш да ги ослободат сите неправедно приведени поради изразување на нивните ставови, вклучително и изразување поддршка за правата на жените. Еве, одма ги послушаа: „погрешно облечена“ фитнес инфлуенсерка пратија на 11 годишна робија.

Универзитетот Колумбија почна да суспендира студенти

Њујоршкиот Колумбија универзитет побара да се расформира протестниот камп за Газа поставен на универзитетскиот кампус и на студентите им даде ултиматум да потпишат формулар дека се согласуваат со универзитетските политики кои ќе важат до јуни 2025 година. Во спротивно суспензија која нема да им дозволи да го завршат тоа што го почнале.

Валканата тајна на американското бедзомништво

Во Лос Анџелес годишно умираат повеќе луѓе отколку што своевремено загинаа во Хирошима. Меинстрим наративот е дека бездомништвото е резултат на сиромаштијата, но не е. Таа се намалува а бездомништвото се зголемува. Огромен дел од оние кои се на улица се со тешка зависност или нетретирана ментална болест. Состојбата ја влошија невладините кои ги бранеа на најлош можен начин.

Генерацијата која ја пропушти забавата

Волстрит журнал потсетува дека генерацијата која годинава дипломира влегоа по колеџи во време на карантини и изолација а излегуваат со протести (за Газа). Пандемијата направи многумина од нив анксиозни и осамени во своите соби во кои и следеа настава и играа игрици и јадеа. „Никогаш немавме мирно време во кое ќе можевме да бидеме едноставно млади.“