
За пет години во Британија се затворени околу 400 клубови, повеќе од една третина од вкупниот број. Градоначалникот на Лондон формира посебна работна група за да помогне во зајакнувањето на ноќниот живот за да се спасат местата што се пред затворање.
Сложена матрица на фактори вршат создаваат совршена бура за ноќните клубови, вели Тони Риг, советник во музичката индустрија и програмски лидер на Универзитетот во Ланкашир.
За време на пандемијата, младите не можеа да го доживеат ноќниот живот на ист начин како претходните генерации. Се промени начинот на дружење.
Психологот Елизабет Феигин вели дека кај генерацијата З, под влијание на онлајн и офлајн фактори, е зголемената свеста за физичкото и менталното здравје. Истражување меѓу млади од 18 до 24 години покажува дека оваа генерација е најтрезната - 39% воопшто не пијат алкохол.
Елизабет Фегин верува дека заостанувањето во социјалната комуникација кај помладите генерации почнало уште пред карантинот.
Луѓето немаат вештини, дури ни храброст, да излезат и да се дружат повеќе бидејќи толку многу станаа зависни онлајн. Гледаме повисоки стапки на социјална анксиозност и високи стапки на осаменост, вели Фегин.
Не се тоа единствените причини за затворањата на клубовите. Парите играат голема улога. Луѓето едноставно не можат да си ги дозволат.
Влезниците во Британија варираат во зависност од клубот. Во претплата се околу 10 фунти, а на врата многу повеќе. Потоа следуваат трошоци за пијалоци и такси до дома. Клубот стана луксуз.
Како историчарка на дизајн Кат Роси со години го истражувала креативното значење на ноќните клубови.
Од зората на цивилизацијата луѓето имаат потреба да излезат, да танцуваат и да бидат заедно ноќе. Дружењето е суштински дел од нашето општествено ткиво, смета Роси.
Таа додава дека клупската култура е мотор на креативност и дел од „поголем креативен екосистем“ заедно со театрите и оперските куќи.
Во 2016 година, познатиот берлински ноќен клуб Berghain беше прогласен за културна институција, исто како оперите и театрите. Цирих ја заштити техно-културата како дел од своето „нематеријално културно наследство“ во партнерство со УНЕСКО.