Широкопојасна бирократија

Администрацијата на Бајден во 2021 година, во пакетот инфраструктурни инвестиции предвидела 42 милијарди долари за да го прошири пристапот до широкопојасен интернет до 25 милиони домови во САД. Звучи одлично, само што, 4 години подоцна, ниту еден нов дом нема добиено бродбенд интернет од тие 24 милијарди. Нула. Дури и Џон Стјуарт се фаќа за глава. 

Стјуарт е гласен противник на Доналд Трамп и кратењата на трошоците кои ги прават ДОГЕ и Маск но тој како допрва да слуша како бирократијата јаде пари и сфаќа дека можеби е неопходно да се направат резови.

Либералниот коментарор Езра Клајн на Стјуарт проба да му долови колку кафкијански изгледа лавиринтот кој треба да се пројде за да се добијат федерални пари за брз интернет.

Постојат дури ЧЕТИРИНАЕСЕТ чекори низ кои локалните власти треба да минат: почнува со поднесување на пар „почетни предлози“, отворање на тие предлози за коментари и приговори, добивање одобрение од владините агенции како NTIA (Националната администрација за телекомуникации и информации), а потоа државите мора да отворат конкурентен процес за да добијат подгрантови за финансирање. 

После сето тоа, тие се само на 12-от чекор од процесот. 

Потоа државите мора да поднесат конечен предлог (откако веќе поднеле два „почетни предлози“), кои мора да бидат разгледани и одобрени...

Додека Клајн го води Стјуарт низ процесот, овој се фаќа за глава и вика:

„Без зборови сум, ова е полошо од што можев да замислам. Она што највеќе зачудува е како сами си ги ампутирале нозете“

56 јурисдикции аплицирале за финансирање во рамките на овој програм, но досега само три од 56-те стигнале до 14-от чекор, кој чека конечно одобрување од NTIA. Триесет јурисдикции минале низ 12 чекори и треба да го поднесат својот конечен предлог за преглед. 

Во меѓувреме, ниту долар од оние 42 милијарди долари од 2021 година не стигнал таму кајшто требало, за да донесат брз интернет по домовите.

29 март 2025 - 10:36