Уметноста ќе здивне од климатските вандали

Еколошките активисти од Just Stop Oil ги прекинуваат уличните блокади на улиците и вандалските протести како фрлањето супа врз „Сончогледите“ на Ван Гог и други уметнички дела. Не се откажувале од револуцијата, само ќе се свртеле кон корпорациите и милијардерите. Повеќето членови се на државна супа, по затвори.

Групата Just Stop Oil објави дека со својот последен протест на 26 април во Лондон ќе ги прекине вандалските напади врз уметнички дела и историски споменици.

Нашите барања сега станаа владина политика. Ги донесовме на насловните страници лиценците за фосилни горива и задржавме во земјата 4,4 милијарди барели нафта, објави Хана Хант, која во 2022 година го најави и почетокот на кампањата на групата.

Таа истакна дека запирањето на вандалски акции не значи и крај на граѓанскиот отпор. 

Потребен ни е поинаков пристап. Корпорациите и милијардерите ги корумпираат политичките системи низ светот. Ја менуваме стратегијата и не се откажуваме од одговорноста. Ништо помалку од револуција нема да нè спаси од бурите што доаѓаат, соопшти групата.

Just Stop Oil се појави со 2022 година со блокади на патишта, но и серија протести што ја шокираа јавноста - фрлањето супа врз уметнички дела по музеи или боја врз Стоунхенџ и гробот на Чарлс Дарвин. Целта на протестите беше притисок врз британската влада да не дава новит лиценци за експлоатација на нафта и гас.

Основачот и најистакнатиот активист Роџер Хамал беше осуден на пет години затвор. Зад решетки или по судови се уште многу членови на групата.

*****
Види и: 
Како Холивуд го финансираше фарбањето галерии и блокирањето сообраќај

27 март 2025 - 15:52