Разно

Веројатно стварно имаш помалку пријатели од другите

Главниот заплет кај феноменот што социолозите го нарекуваат "парадокс на пријателството" е дека луѓето најверојатно имаат помал број на пријатели отколку што имаат нивните пријатели.

Епл потроши милион долари на скали за продавница

Конкретната продавница  е во Сан Франциско и претставува концепт за тоа како Епл ги замислува продавниците во иднина, ова е прв голем редизајн во последните 15 години и на него е посветено подеднакво внимание како на меѓусерија на Ајфон.

Како е да се биде модел

По веста дека група манекенки ќе ги тужат своите поранешни агенции, заради најразлични форми на малтретирање, Миранда Фрум седнува да пишува за нејзиното искуство како манекенка.

Швајцарски ракувања 2016

И учениците муслимани во Швајцарија ќе мора да се ракуваат со професорот / професорката на почеток и на крај на часот, одлучија швајцарските локални власти.

Зошто саудиски крал би криел пари во Панама?

Една од заедничките работи за Панама документите, и Офшор ликс и Свис ликс пред нив, е што содржеа имиња на членови на Блиско-источни кралски семејства, кои не само што се неброено богати, туку се семоќни и изземени од плаќање даноци во своите земји.

Во машинеријата на Клинтон за платени говори

И покрај целиот лош публицитет и штетата што и ја прави на кампањата, Бил и Хилари Клинтон одбиваат да ги објават транскриптите од нивните платени говори, или барем да одговорат што добиваш кога ќе ги платиш за да ти држат говор.

Да умрам не гласам за нив двајца

Жална вест за почината жена од Вирџинија. Соочена со изборот да гласа или за Доналд Трамп или за Хилари Клинтон, таа решила да умре. Нека ѝ е лесна земја.

Си биле два независни експерта

Два експерта сведочат во американскиот Конгрес за тема од медицинската регулатива. Иако комплетно независни еден од друг, доаѓаат со речиси идентични текстови. Како е можно тоа? Просто. Биле платени од исти лобисти.

Португалија истера четири дена само на обновлива енергија

Цели 107 часа Португалија имаше нула емисии на штетни гасови, откако целата побарувачка за електрична енергија во овие 4 и нешто дена ја покри од обновливи извори: ветер, сонце и вода.

Глобалното затоплување нема крај

Новата граница на климатски ужас со кој треба да живееме (барем до крај на месецов) е дека годинешниов април не само што беше најтоплиот април во последните 137 години, туку тој беше и 12-от последователен месец што го постави овој рекорд.

Кога слободата значи - да стигнеш во затвор

Холандија сместува бегалци од сириската криза во своите затвори. Но, кочете малку со тој цинизам на прва топка.

Ќе успее ли Европа да ја избегне војната?

Македонската политичка криза го роди Пржино, украинската го изнедри договорот од Минск. Практично и двата договора се во колапс но таму се 'понапред' од нас па веќе звецкаат со оружје.

ЕУ е чист ќар од бегалците

Унијата ќе заработи два пати повеќе пари од бегалците отколку што ќе потроши на нив, односно моментално растечкиот јавен долг ќе биде надоместен со уште поголем раст на БДП-то, покажа веројатно првата суштинска анализа на темата.

Како Монт Еверест не е највисоката планина на светот

По една поразлична методологија за мерење планини од стандардизираната, врвот Чимборазо во Еквадор е највисокиот врв на светот, а не Еверест.

Данок на брада

Комплетно збунет од "психологијата зад трендот" бербер од Британија започна постапка за воведување данок на секој што носи брада.

Агент на ЦИА е кодошот заради кој е уапсен Мандела

Апсењето на Нелсон Мандела во 1962-ра, по кое тој минува 27 години во затвор, успева само заради дојавата што агент на ЦИА им ја дава на јужно-африканските власти.

Диференцијалу екбер!

Жена во авион гледа чудак како чкраба нешто непознато на хартија. Се ибезумува, мисли дека е терорист, драма. Нешто подоцна се открива дека пишуванките се диференцијални равенки, а човекот економист.

Кога не се доќутува за Трамп

Последното нешто што Стујарт го има кажано за Трамп беше дека кога тој би станал претседател, воопшто не би размислувал да се врати на телевизија, туку би размислил да се качи на ракета и да замине на друга планета "бидејќи оваа очигледно излудела." Пред евентуалното пакување, Стујарт вчера имаше уште нешто да дополни.

Кој победи на 9-ти мај?

Темата се "три мита" околу Втората светска војна и доминантното верување на Американците и Западна Европа, дека влегувањето на САД во војната против силите на Оската е клучен момент за крајниот исход на Втората светска војна.

Садик Кан, ни прв ни последен

Медиумите хорски го прогласија Садик Кан за првиот муслиман кој ќе управува со еден европски град. Ваквиот неупатен сензационализам превидува историја подолга од еден милениум. Муслимани управуваат со европски градови цели 1.300 години.

Како ќе станам првиот селебрити претседател

Во 2000-та, уредникот на магазинот Гиар бара од бизнисменот Доналд Трамп, кој тогаш прв пат почнува да појавува какви било претседателски амбиции, да напише како тој го замислува својот мандат и што има да им понуди на Американците.

Ден на дрвото, за сите пари

Она што кај нас е "Ден на во сабота ќе одработуваме ли?" во Индија ќе биде спроведено во малку поорганизирана форма, откако владата објави план да инвестира над 6 милијарди долари на зголемување на бројот на дрвја во земјата.

Госпоѓица 300 денари

18-годишна девојка стана инстант онлајн сензација на мексиканските социјални медиуми, откако беше снимена како по сообраќајка сред бел ден се обидува да ги поткупи дојдените полицајци со 100 пезоси. Веднаш и закачија прекар Госпоѓица 100 пезоси.

Емиратите ќе градат планина

За разлика од сите останати проекти во тој дел од светот овој пат егото нема никаква врска со него, туку инспирацијата е чиста желба за преживување.