Каде да закопаш терорист?

Во Турција телата на убиените пучисти ги закопаа на парцела на гробишта во Истанбул, опколена со низок ѕид, покриена со земја, чакал и камења, и обележана само со еден знак на кој е испишано "гробишта на предавниците". Проблемот со убиени терористи во Баварија нема да може баш така да биде решен.

Освен што им додели необележана парцела, Ердоган им забрани на сите имами во Турција да одржат муслимански погреб за пучистите.

Во Нормандија, локалните муслимани, вклучително имамот и претседателот на муслиманскиот совет, комплетно одбија да учествуваат во погребот на 19-годишниот терорист кој закла свештеник.

На ред за решавање на проблемот дојде Баварија, каде властите допрва треба да ги предадат телата на терористите кои ги извршија нападите во Ансбах и Вурцбург.

Нивниот почетен план е телата да ги предадат на локалните власти каде што било живеалиштето на напаѓачот. Тука дилемата им е што да се прави ако тамошната муслиманска заедница се одлучи на ист потег како оние во Франција и да одбијат да ги закопаат телата на терористите, бидејќи "теолошки зборено, имамот нема никаква обврска или должност да учествуваат во погребот."

Инаку, самиот ритуал на погребување е едноставен и тој може да биде изведен од самите членови на семејството. Меѓутоа “проблемот е да се најде заедница која ќе биде подготвена да оддели погребно место за терористот.”

10 август 2016 - 16:13