48-годишниот татко на полицијата ѝ изјавил дека „се расправал со син му за тоа што не учел“ пред тестот за запишување во една приватна гимназија. Малиот умрел во болница поради преголемо количество изгубена крв.
Таткото е пријавен во полиција од медицинскиот персонал во болницата во Нагоја, каде што го донел малиот по инцидентот. Одбраната на таткото била дека го прободел „по грешка“.
Според локалните медиуми, малиот се обидувал да се запише во едно од водечките јавни училишта во регионот, а татко му постојано му се качувал на глава околу учењето. За време на инцидентот мајката била на работа.