Допрва има да ви биде топло

Јули не само што беше топол, не само што беше најтопол јули во однос на кој било претходен јули (од кога се мери), туку воопшто е најтоплиот месец во историјата, нормално доколку може да им се верува на мерките на НАСА.

Уште една бројка која постојано се повторува од научниците е дека четиринаесет од 15 најтопли години во историјата се случиле меѓу 2000 и 2016, а една студија од минатата година покажува дека 75% од сите случаи на екстремно висока температура се последица на глобалното затоплување.

Њујорк тајмс според проценките на научниците изработува неколку мапи за тоа како ќе изгледаат временските прогнози во иднина доколку не се направи нешто околу глобалното затоплување. Мерката што ја бркаат е број на денови во годината со температура над 100 степени Фаренхајтови (или 37,7 Целзиусови), по која работа или играње на отворено би било неиздржливо, а во одредени случаи и смртоносно, да не зборуваме за "влијанието врз вашето здравје, квалитетот на воздухот, залихите на храна и вода."

 

24 август 2016 - 10:39