Делегација од експерти од Полска, Британија и Костарика минува 10 дена во САД за да изработи извештај за третманот на жените. Тие прават турнеја во Алабама, Тексас и Орегон.
Исход, делегатите биле „запрепастени од недостатокот на полова еднаквост во Америка“. Според нив, САД заостанувале во повеќе области од меѓународните стандарди за човекови права, вклучувајќи и разлика од 23% во платата меѓу мажите и жените, трудничко боледување, достапна детска заштита и третман на жените-мигранти.
Тие посебно биле извадени од памет за време на посетата на една клиника за абортус во Алабама, „каде што искусиле непријателска политичка клима околу репродуктивните права на жените“.
„Нѐ малтретираа. Имаше двајца насилни активисти што чекаа за да нè навредуваат. Тие постојано извикуваа 'Вие убивате деца' во моментот кога ќе се приближевме до клиниката“, изјавила делегатката од Британија Френсис Радај.
Во посетата на САД тие откриваат дека Американките имаат „права што фалат“ споредено со остатокот од светот. Како пример, САД е една од трите држави во светот што не ѝ гарантира платено трудничко на жената, кое според ОН треба да биде најмалку 14 седмици.
Друг проблем е насилството против жените, посебно оруженото, бидејќи жена е 11 пати поверојатно да биде убиена со пиштол во САД, отколку во која било друга држава со високи примања. Најголемиот дел од овие убиства се извршени од интимниот партнер.
Останатите предлози се реформи со кои повеќе жени ќе бидат избрани во законодавната и извршната власта, како и кревање на минималната плата, која несразмерно повеќе влијае жените.
Најголемо изненадување за делегатките било што жените во САД „не знаат што пропуштаат“, па во разговорите на пример на Американките не им се верувало дека жените низ цел свет добивале платено трудничко.