Разно

Далеку од ЕУ, далеку од срце?

Пред светот да биде Брисел, светот беше Париз, а пред тоа беше Шарли Ебдо. Никој нема проблем со емпатијата околу овие настани, забелешката е како луѓе одлучуваат да ја ограничат својата емпатија на настани што се случуваат во ЕУ (и во САД).

Германија укинува "рок на траење"?

Бидејќи рок на траење не служи за ништо германскиот министер за земјоделство побара тргање на одредбата за испишување на препорачаниот животен век на прехранбените производи.

Жена од кариера

Сафја Јасин се до апсењето е сериозна пропагандна машина на ИСИС во САД, пред да биде со нив таа е една од најпознатите блогерки кои ја објавуваа вистината за тоа како "кемтреилс" ги трујат Американците, а кариерата ја започна како мајка од Мисури кој блогираше против вакцините и како тие предизвикуваат аутизам.

Кога животот не те остава да бидеш неонацист на раат

Стефан Јагш е германски политичар со сериозна наклонетост кон омраза мигранти, странци, не-белци, бегалци и сето она што составува здрав неонацистички карактер. Јагш, со сите свои натчовечки квалитети, прави сообраќајка. Животот му го спасуваат група сириски бегалци.

Кој е Салах Абдеслам?

Налик неколку апсења по Балканот, еден од најбараните луѓе во Европа, одговорен за нападите во Париз во кои беа убиени 130 луѓе, во петокот беше уапсен во Брисел, центарот на Европа.

Алибаба и милионите трговци

На десет дена пред истек на нивната фискална година, Алибаба објави дека достигнале продажба од 3 илјади милијарди јуани, или во наши пари 412 милијарди евра.

Грешката во "Тесла-топијата"

На крајот од месецот Тесла ќе го презентира Модел 3, автомобилот на струја од 30.000 долари. Буката околу автомобилот во рок од еден месец ги крена акциите на Тесла од 140 на 230 долари, "и со ова почнуваме нов круг на 'Тесла-топија'".

Еволуцијата немоќна против џанк фуд

Се што милиони години е впишувано во кодот на штрковите е разбиено од триесетина години изложеност на брза храна, па сега птициве одбиваат да ја прават редовната преселба на југ затоа што се навлечени на отпадоците од џанк фуд.

Уапсен виновникот за "Фапенинг"

Американските власти тврдат дека го имаат човекот што во 2014-та објави приватни фотографии од угол голи Џенифер Лоренс, Кејт Аптон и стотина други славни личности.

Мелдониумот се продава како алваниум

"Ако е добро за Шарапова, тогаш е добро и за мене," помисли рускиот колективен ум на кој "нешто не ми е арно" па продажбата на неодамна забранетиот лек за спортисти отиде во небо.

Средовечна криза, омилениот машки мит

Има добра и релативно добра вест, добрата е дека средовечната криза не е неизбежна, релативно добрата е дека токму овие години (околу 45) веројатно се најдобрите години на вашиот живот, каде најголемиот дел од луѓето го постигнуваат својот пик.

Топла вода, пијалакот што ја држи Кина

Во Пекинг моментално се случуваат годишните седници и собранија по цела можна хиерархија на Кинеската комунистичка партија, а со тоа и на државата. Клучно за сето ова да функционира? Шолја топла вода.

Брејвик ja тужи државата за кршење на човековите права

Норвешкиот масовен убиец поднесе тужба за повреда на неговите човечки права повикувајќи се на две клаузули од европската конвенција на таа тема. Толку му е лошо во затвор што не може ни факултет да заврши.

На прошетка низ Рака

Две Сиријки одлучуваат да го ризикуваат својот живот со намера на надворешниот свет да му пренесат дел од секојдневието во Рака, па под целата задолжителна женска облека монтираат камери и тргаат во патролирање на градот.

Изгубени во нечистотијата

Затоа што Париз го доживуваат доволно валкан за да им е срам да носат туристи од Јапонија, викендов јапонските туристички агенции се фатија со расчистување на улиците низ главниот град на Франција.

Шпионот против шпионите

Ако е некаква утеха за американското разузнавање дури и за најблиските соработници на Путин е сериозен проблем да предвидат што размислува нивниот шеф, објаснува претседателот на американскиот Национален совет за разузнавање.

Дали брадата некогаш ќе те стопли?

Аргументот за носење брада зимно време е дека ти држи топло на лицето, а уште поголем ефект има ако е во комплет со џигерица па комплетно да си забарикадиран (п.с. и за летно време имаме аргумент).

MME кој прв почна со мелдониум

Што е заедничко за една од најдобрите тенисерки на светот, Марија Шарапова, и советските супер-војници од времето на Студената војна сред планините во Авганистан? Земањето мелдониум.

Чернобил и натаму зрачи

Економската криза во Украина, Белорусија и Русија ги имаат редуцирано или укинато тестирањата и мерките за заштита а радијација во регионот не само уште уште има, туку некаде ја има и повеќе, предупреди Гринпис. А во Фукишима, дури и роботите кои ја чистеле контаминацијата - "умреле".

Каде е попаметно да си сиромав?

Сиромашни има секаде. И никаде тоа не е баш убаво. Меѓутоа, најсиромашните Американци умираат многу помлади од најсиромашните луѓе во Костарика. Тоа е факт кој збунува многумина во САД а не може да се објасни само со бројки. На оние што биле на двете места им е јасно зошто е тоа така.

Рио, дебакл во најава

Кога им се случија немирите пред Мундијалот 2014-та тие изгледаа како најстрашно нешто што може да ја снајде Олимпијадата во Рио, за па потоа да им се случи најголемата економска рецесија од 1930-та, па од никаде да им се појави Зика вирусот.

Како функционира Еврогрупата?

Поранешниот грчки министер за Јанис Варуфакис решава да обелодени како всушност функционира Евро групата, односно како изгледаат фамозните состаноци на министрите за финансии на 19 членки на еврозоната. Сосе пикантерии од типот кој каде седи и како министрите од источна Европа меѓусебе се тркаат кој повеќе ќе му се упика на германскиот министер Волфганг Шојбле. 

Дечкото што се хранеше и вежбаше како Рок

Мината година пишувавме за исхраната на Двејн Џонсон од 5.000 калории на ден, која предвидува 7 оброци на ден, и најчесто по околу 1 килограм бакалар дневно. Сега, еден цивил реши да се проба со исхраната и програмата за вежбање на Рок.

Американци се интересираат како да се отселат во Канада

Доминантноста која ја покажа Доналд Трамп во Супер вторникот победувајќи во 7 од 11 држави повлече и контра реакции. Сајтот на канадската влада едвај ги издржал посетителите од САД.