Заради инцидентот, трчачот и факелот со автобус ја минале предвидената делница. Демонстрантите почнале да фрлаат камења на автомобилите од поворката, на што полицијата реагирала со солзавец. Заради целата ситуација, дел од носителите на факелот одлучиле да се откажат од својот ангажман.
Портпаролот на Рио 2016 објаснил дека има бекап од 8 фенери во кои постојано гори Олимпискиот оган, па кога ќе се изгаси факелот, тој повторно се пали од нив, "огнот никогаш не е изгасен."
Демонстрациите беа одржани од професорите, кои два месеца немаат примено плата заради банкротирањето на сојузната држава Рио, делумно предизвикано и од организирањето на Рио 2016.