Дипломското крстосување на студентите вклучувало изнајмување на 30 мерцедеси Г класа со затемнети стакла, ангажирање професионално студио да ги снима како возат по улици, и позирање со алкохол на групната фотографија.
Видеото на Јутјуб го имаат изгледано над 2,1 милион луѓе, а надлежните освен што не можат да им се изначудат на студентите, најавија дека сите што се во спотот ќе бидат казнети.
"Четири години ги учиме таинственост, корпоративна етика, дека човек не смее да открива тајни... А тие се толку помпезни и арогантни. Ако ова е како планираат да ја започнат кариерата, тогаш нема многу да успеат," изјавил пензионираниот генерал мајор на ФСБ, Александер Михаилов.
Видеото кое во најдобар случај изгледа како мешавина меѓу раперски спот од 90-те и трејлер за Видимо се у читуљи 2, предизвика гнев и заради изборот на возилата "во моменталната лоша состојба на руската економија." Лицата на студентите два пати се гледаат во видеото. Освен што се казнети студентите, по објавувањето на видеото дел од нивните професори и тренери се симнати на пониска функција. Во изјавата на ФСБ се порачува:
"За прв пат по долги години на славење вон работното место, студентите дозволија да се случат работи кои привлекоа зголемена осуда од јавноста. Нивното непристојно однесување поврзано со изнајмување луксузни возила со право предизвика гнев меѓу граѓаните и беше остро осудено и одвнатре од безбедносните структури кои истото го сметаат за некомпатибилно со нашиот етички код и однесување на работа."