Црно им било пишано

Потполно бизарен случај, човеков е терапевт, работи со аутистичен пациент, го упуцуваат затоа што некој пријавил ненормално однесување (на пациентот кој е аутистичен).

Од видео снимката се гледа дека кога пристигнувa полицијата, тој легнува на земја со рацете во воздух и им објаснува за што се работи. Дека тој е терапевт, дека другиот човек е вознемирен аутистичен пациент, дека тоа што го мислат за оружје е камион играчка.

За секој случај, цајканот го упуцал.

Кога овој го прашал:

- Оти бе ме упуца?

Овој рекол:

- Не знам.

Во Америка ова почнаа да го викаат Shot for driving/walking... while black."

 

21 јули 2016 - 22:11