Во досегашната кариера, новиот министер за надворешни работи на Британија беше прилично креативен и незапирлив во распостелување на својата арогантност и презир кон светските лидери, иако во најголем дел повеќе заради личен рејтинг отколку некоја лична нетрпеливост кон нив.
Кога Обама ја даде својата поддршка за останување на Британија во ЕУ, Џонсон во колумна во Сан напиша дека позицијата на американскиот претседател била "некохерентна, неконзистентна и комплетно хипокритична." Тој исто така го имаше спомнато и случајот во кој Обама отстранил една биста на Черчил од Белата куќа (која како што Обама објаснува е една од неколку што ги има таму), пишувајќи дека отстранувањето "е симбол дека претседателот со кениско потекло има наследно нетрпение кон британската империја - на која Черчил беше така остар бранител."
Џонсон не беше фан и на претходниот американски претседател, Џорџ Буш, кого го нарече "тексашки хушкач со искривени очи, кој не е избран, не е артикулиран, и е олицетворение на ароганцијата на американската надворешна политика."
Иако Буш го заврши своето, а Обама брои ситно, за еден од потенцијалните идни претседатели, Хилари Клинтон, Џонсон во 2008-ма пишува: "таа е фарбана блондинка со напрчени усни, и челичен поглед, како садистичка сестра во ментална болница."
Тој му се обрати и на Трамп, меѓутоа само откако беше испровоциран од републиканскиот претседателски кандидат кој со речиси идентична нетактичност го навреди Лондон. Одговорот на Џонсон на ова беше: "единствената причина зошто не би одел во одредени делови на Њујорк е затоа што постои реален ризик таму да го сретнам Доналд Трамп."
Во Европа, Џонсон го гледаат како маскотата на брегзит и е непосакуван дури и без да се земат предвид сите работи што ги има изнакажано за европските лидери.
Тој го обвини Јункер за "измама," а одлуката на Меркел да го гони германскиот комичар што го навреди Ердоган ја нарече "одвратна," пишувајќи "таа занемено одлучи да потклекне на барањата на Ердоган, човекот кој започна застрашувачко потиснување на турското право на изразување."
Кога сме кај Ердоган, во мај Џонсон победи на еден конкурс за пишување навредлива песна за Ердоган. Неговиот текст (во оригинал):
There was a young fellow from Ankara
Who was a terrific wankerer.
Till he sowed his wild oats
With the help of a goat
But he didn't even stop to thankera.