Соединетите држави имаат вкупна популација од 324 милиони луѓе. Од нив 103 милиони инстантно се бришат затоа што немаат право на гласање, и тоа по три основи: или се деца или немаат државјанство, или се затвореници (сегашни / поранешни) кои во САД исто така немаат право на глас.
Од останатите 221 милиони луѓе, околу 88 милиони возрасни Американци никогаш не излегуваат на избори, ниту на партиски, ниту на општи.
Од бројката што остана (133 милиони) треба да се одземат дополнителни 73 милиони кои не гласаа на партиските избори на кои беа избрани Трамп и Клинтон, меѓутоа најверојатно ќе гласаат на општите избори.
На крај остануваат 60 милиони луѓе кои гласале на партиските избори, отприлика по 30 милиони републиканци и демократи. Меѓутоа половина од овие 60 милиони на партиските избори гласаа за другите кандидат, заради што на крај Трамп и Хилари беа избрани со само 14% од гласовите на сите Американци со право на глас, односно 9% од целата нација.