Чисто фактографски пред да и удоволиме на анализата, Меланија е родена 1970 во Словенија, време и место кое не е комунистичко, ниту пак стига до посткомунистичко (постсоцијалистичко) ако се има предвид дека најверојатно се има само запишано на прва година факултет на Универзитетот во Љубљана без да го заврши.
Иако свесна за факултетскиот стаж на Меланија, Моника Налепа, инсистира дека таа "сепак најголемиот дел од своето образование го има добиено веднаш по падот на комунизмот во Источна Европа," во посткомунистички образовен систем кој во тоа време е место во кое "границата меѓу оригинални дела и плагијат тешко да се разликува, а прашањето за интелектуална сопственост никогаш не е дебатирано."
Критиката се базира на студирањето на образовниот систем во Источна Европа од тоа време, каде плагијатите се доминантна форма на учење, каде "се учи на памет, наместо критички да се разговара за идеи, заради што е поверојатно луѓето да бидат наведени на мислење дека е во ред да се присвои туѓа работа."
Иако заради пропусти во тајмлајнот (и политичките системи) и понатаму се инсистира дека Меланија своето образование го стекнала во посткомунистичкиот период, авторката коренот на проблемот го наоѓа во времето пред распадот на источниот блок, во предмети како Марксизам или Основи на Ленинизмот, "кои не можат да бидат критикувани во училницата без да стравуваш од тајната полиција."
Тврдењето за распространетоста на препишувањето таа го базира на личното искуство што го има кога полага приемен испит на Универзитетот во Варшава:
"Околу 200 студенти беа собрани во амфитеатар и поделени во три групи, секоја со различен тест. Ова значи дека јас одговарам на различни прашања од луѓето што се до мене од лево и десно. Дополнително, 20 луѓе од факултетот нè чуваа да не препишуваме. Меѓутоа сепак тоа беше често. Ако некој праша за некој одговор, ќе му го кажеш. Исто беше и со мојот приемен."
Таа слично искуство има и кога полага некоја тогашна верзија на полско екстерно, каде дури и професорите што те чуваат ти ги кажуваат одговорите со цел да ги подобрат твоите шанси за запишување на факултет. Причина за ваквата пракса е што во тоа време "се смета дека полагањето испит без учење се смета за поголемо достигнување отколку полагањето испит по внимателно учење на материјалот."
"Да биде јасно, обемот на препишаните делови од говорот на Меланија Трамп остануваат нејасни. Можеби таа директно ги копирала, или можеби вината е во персоналот на Доналд Трамп. Меѓутоа ако самата Трамп е одговорна, може да почнеме да го разбираме потеклото на проблемот анализирајќи го пост-комунистичкото образование. Ако плагијатот се смета за 'позајмување' а не мамење, тогаш споредбите меѓу говорите на Меланија и Мишел се многу појасни," пишува Налепа.
Инаку: