Постапката против локалниот маркет е по основа дека "тој не ги следи условите на договорот за добивање на просторот, според кои продавницата мора да функционира како општа продавница за храна." Според властите, локалната заедница не е соодветно услужена доколку продавницата не продава свинско или алкохол.
Халал маркетот, етикета која означува дека се продаваат само прехранбени производи дозволени според Исламот, минатата година е отворен на место на еден поранешен супермаркет и од тогаш локалците се жалат дека во него не можат да го добијат истиот опсег на производи што некогаш бил достапен.
"Сакаме социјален микс. Не сакаме која било област да биде само муслиманска или која било област да нема муслимани," изјавил шефот на кабинет на градоначалникот на Коломб, објаснувајќи дека тие би реагирале на ист начин и кога таму би се отворил маркет што продава кошер прозводи.
Сопственикот на маркетот објаснува дека ова е само бизнис, и дека таргет групата во околината го навела да одлучи да отвори чисто халал маркет. Продавницата има добиено дозвола за работа до 2019, што властите сакаат да ја скратат доколку не се случи бараната промена.