Помири се дека пријателите не те сакаат

Собери ги на куп сите луѓе со кои имаш комуникација во тек на еден месец или година (да е барем едно гушкање или разговор). Сега избриши половина од нив, затоа што пријателството со нив не е обострано (од твоја или од другата страна).

Студија на МИТ ги анализира врските меѓу 84 лица (на возраст од 23 до 38 години) кои се заедно на предавања по бизнис менаџмент. Учесниците треба да се рангираат меѓу себе на пет нивоа од "не го знам човеков," до "ова ми е еден од најдобрите пријатели."

Резултатот е дека чувствата биле взаемни во 53% од одговорите, меѓутоа очекувањата на испитаниците биле дека тие ќе бидат идентични во 94%. Бројките на МИТ содејствуваат со слични минати студии во кои реципроцитетот на пријателството се движи од 34 до 53 проценти, на 92.000 учесници.

Меѓу објаснувањата е и теоријата на британскиот еволуциски психолог Робин Данбар, според која постојат слоеви на пријателство, каде најгорниот слој е составен од еден или двајца пријатели, на пример маж / жена и најдобриот пријател со кој комуницираш на дневно ниво. Следниот слој собира максимум четворица луѓе кон кои имаш огромна наклонетост, привлечност и грижа и кои бараат неделно внимание за да се одржи врската. Следните слоеви се пријатели со кои имаш поопуштен однос, во кои инвестираш помалку време и имате поплитка врска. Како што објаснува Данбар: "без постојан контакт овие луѓе потпаѓаат во познаници. Може да си пријателски настроен кон нив, ама тие не ти се пријатели."

"Имаме ограничена количина на време и емоционален капитал што можеме да го дистрибуираме, заради што имаме само 5 слободни места за најинтензивните типови на пријателство. Луѓето може тврдат дека имаат повеќе од пет, ама можеш да бидеш сигурен дека тоа не се квалитетни пријателства," објаснува Дунбар.             

9 август 2016 - 13:03