Ова го толкуваат како показател дека квалификуваните британски граѓани се желни да ги заштитат своите права и можноста да работат и патуваат во ЕУ, соочени со несигурноста околу нивниот статус по брегзит.
Во првите неколку дена по референдумот амбасадата на Австрија имала над 100 барања на ден, а во јули тие имале два пати повеќе апликации за пасоши и лични карти во споредба со истиот месец во 2015. Во шведската амбасада апликации за државјанство на неделно ниво се зголемиле за седум пати, достигнувајќи максимум од 150 барања неделно.
Полската амбасада која во просек добива по 100 апликации за државјанство годишно, само во првата половина на 2016 има добиено 111 апликации, а по референдумот стигнати и се речиси 600 барања zа информации околу државјанството.
Холанѓаните во првиот месец по референдумот имаат добиено 10 пати повеќе барања од вообичаено, моментално ова е спаднато на два пати повеќе од вообичаено.
Финската амбасада има добиено околу 100 апликации за пасош повеќе од вообичаеното, а на сајтот на германската амбасада се предупредува на подолго време за чекање, заради значително зголемен обем на работа.
Зголемен интерес околу нивните државјанства имаат пријавено и Чесите, Хрватите, Грците, Словенците, Словаците и Летонците. Неколку источноевропски амбасади пријавиле раст на интересот кој претходно речиси и да не постоел, така Унгарците од 23 јуни добиле 220 барања за информации, во споредба со 10 од претходната година, а Бугарите биле контактирани од 30 Британци, споредено со речиси нула до сега.
Меган Бентон, аналитичарка од Институтот за миграциска политика во Вашингтон, објаснува дека има две групи на луѓе што аплицираат, првата се луѓе кои редовно ја користат слободата на движење заради семејство и работа, а втората е "интересна група; тие се луѓе кои го сакаат изобилието на ЕУ државјанство, но луѓе кои никогаш не ја активирале нивната слобода за движење. Тие најверојатно се чувствуваат измамени, не сакајќи да ги изгубат нивните права."