Разно

Како се случи анти-исламска партија во Холандија?

За нација позната по толеранцијата по најразлични основи Холанѓаните на крај може да му дадат некарактеристично многу гласови на еден од најмалку толерантните меѓу нив - Герт Вилдерс.

Холандија памти колку вреди детски прст

Холандија комплетно ќе ги замени металните клупи од постројките за јавен превоз за кои неодамна беа дадени 100 милиони евра, само затоа што деца си ги фаќале прстите во нивните дупки.

Како да исчистиш автопат од 20 метри висок снег

Разговорот е со локални возачи на камиони за чистење снег од крајбрежниот јапонски град Тојама, кој со просек од околу 4 метри снег годишно за јапонски услови и не е нешто страшно снежен град. (Рекордер им е бањското одморалиште Сукају Онсен со просек на врнежи од 17,6 метри снег годишно.)

Или ќе добиете струја или гага ќе ви ја направам

Предизвикот на основачот на Тесла е дека во рок од 100 дена во Јужна Австралија може да изгради систем за складирање електрична енергија со капацитет од 100 мегават часови, со што би се решиле проблемите со тамошната електрична мрежа. Ако не го стигне рокот, ветува дека работата ќе ја заврши за беспари.

Барбика, а не бараба

Уште од доаѓање на власт во 2012 словенечкиот претседател го користи Инстаграм подеднакво активно колку што Трамп го користи Твитер, само што кај првиов сè e далеку поопуштено.

Кој како ќе го памти ова денешново?

Македонците денес живеат во минимум две крајно различни истории. Што од тоа ќе остане во сеќавањата, како колективната меморија ќе го фотошопира истото и како ли за две три децении тоа ќе им изгледа на оние кои се сега мали.

Дали правите Финци ќе гласаат за црниот Хитлер?

Слично како со фасцинантниот случај со штипјанецот Џими и партијата ТМОРО, и за една финска радикална паертија во изборна трка влегува човекот кој сите го знаат како „црниот Хитлер“. Меѓу другите Финци - како што некогаш викаа нашиве коментатори во бокс мечеви - ќе го препознаете по сините гаќички.

ЦИА може да вклучи микрофон од Самсунг телевизор

Викликс објави масивна доверлива документација која претставува досега најголемото истекување информации поврзано со Американската Централна Агенција ЦИА. Што да ви кажеме, растурачина.

Од Русија со Плејбој модел

На меѓународниот аеродром во Лос Анџелес под сомнение за шпионажа била задржана 37-годишната Викторија Бонја, Русинка инаку позната по својата кариера како Плејбој модел, ТВ водителка и по својот Инстаграм.

За растечкиот гнев кон експертите

Настрана неподносливоста на домашната ситуација во која македонските телевизии имаат шпилови свои „експерти“ и истите ги ротираат од вечер во вечер, проблемот на јавниот однос кон оваа фела е нешто подлабок и зборува за некои посуштински промени кај луѓето. Оние кои имаат најчесто бучно и непоколебливо мислење за некоја тема пошто за тоа „пишуваше и на Фејсбук“.

Тортурата пишува стрипови

Официјалниот извештај од 2014 за тортурата врз воените затвореници за време на мандатот на Буш од над 500 страни е претворен во стрип. Во крајно вознемирувачки стрип.

Психологијата на успешните протести

Тазе студија на оваа тема сугерира дека поголем ефект имат мирните отколку насилните протести. Вториве ќе добијат поголем медиумски публицитет (бидејќи така функционираат медиумите), но истовремено ќе ја поткопаат својата главна цел: да придобијат што повеќе приврзеници.

Светот љуби кревање ѕидови

На денот на падот на Берлинскиот ѕид во светот имаше вкупно 12 ѕидови кои одвојуваат две држави. Денес, речиси три децении покасно, ги има седумдесет.

Устајте легнати на брашно

Нација која го изгубила чувството за ризици и промени и е улулкана во самозадоволност ќе ја изгуби трката со времето и светот.  Со други зборови, кој не рискира - мастурбира.

Не постојат приватни разговори меѓу државни службеници

Калифорнискиот врховен суд донесе одлука дека државните службеници не можаат да сметаат на недопирливост на своите приватни телефонски и меил комуникации ако станува збор за државни работи. Фино тоа звучи, само што има една незгодна квака. 

Трите Трампа

Доаѓањето на нов претседател на САД, значи и промена за чие објаснување ќе треба да се решат три мистерии, затоа што постојат три верзии на Трамп, пишува професорот од Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс.

Кога не постојат убијци зашто убиениот заслужил

Во едно нормално општество, ако некого го обвинат за криминал или убиство, тој или ќе го негира тоа или ќе го признае делото. Во Русија има и трет начин: да бидеш горд на тој чин ама да негираш дека си го сторил. А таа логика на ангро ја имате и овде, кога се сеири и се правдаат срањата на своите; па после ќе се сврти тркалото; па ќе се дојде до она залудно прашање од секоја војна: Кој прв почна, а, а?

Како Финска успева да ѝ пркоси на информативната војна на Русија

Периодов европските разузнавачки агенции од Франција, Германија и Холандија, па до Чешка, кај стигнат алармираат за опасноста од Русија, која сега е олицетворена во пропаганда и дезинформации. Во исто време наспроти овие светски сили е Финска, која некако успеа да изгради имунитет на руската пропаганда, и покрај тоа што е на „првата линија на фронтот“.

Може ли Пентагон да ја пројде годината со само 603 милијарди долари?

Трамп го најави својот прв предлог буџет за 2018, во кој парите предвидени за Пентагон се зголемија за 54 милијарди долари. Ова одма наиде на поплаки, од луѓето од Пентагон кои се жалат дека парите не им стигаат. Пред овие дополнителни 54 милијарди во 2018, за 2017 е предвидено да добијат дополнителни 30 милијарди.

Порно сееш а Трамп ти никнува

Старата изрека дека „времето лечи сè“ изгледа не важи за изборот на Трамп. Колку пати да го изговориме тоа фамозно „американскиот претседател Доналд Трамп“, тоа повторно ни звучи некако надреално. И барајќи ги причините за таквата реалност, луѓето на сешто ќе помислат, па и на порното. Но, почекајте, прераната ејакулација е проблем и во политичкото мислење.

Островот со поделено чувство за газда

Се вика Островот на фазанот, се наоѓа сред реката Бидасоа, има нула жители, и во зависност од делот од годината кога се интересирате за него или и припаѓа на Франција или и припаѓа на Шпанија.

Крајот на Олимпијадите какви што ги знаеме

Стандардната ротација на градови домаќини веројатно е дека ќе издржи уште еден-два круга, во кои ќе се јават градови што се подготвени да изградат цела инфраструктура за едно користење, меѓутоа долгорочно МОК најверојатно ќе биде принуден на составување список на полу-постојани домаќини на Олимпијадите.

Кога ќе Хитроу појдете, со ласер да не гаѓате

Велика Британија планира да воведе затвор за она што досега се казнуваше само со парична казна - реметење авиони со оние џепни ласерчиња. Минатата година на рекорден број луѓе ова им станало омилена занимација.  

Руски дипломати умираат неочекувано

Од последниот ноември до сега од служба и живот се одјавија шестмина високи руски дипломати, плус соработник на екс заменик премиер. Сите освен еден починаа во странска земја а освен кога се работи за пукање, најчесто е „инфаркт“ или „кусо боледување“.