Германската влада во 2016 поделила 9,3 милијарди евра за помош околу имигрантите на владите на 16-те сојузни држави, останатите 11 милијарди се потрошени на сосечување на причините за миграција.
400 милиони евра се потрошени на сместување на барателите на азил, а 350 милиони за малолетници без придружба. Уште околу 2 милијарди евра одат на пакетот за интеграција на дојденците.
Најмногу пари од сојузната влада добива Северна Рајна-вестфалија (1,2 милијарди евра), по нив се Баварија (860 милиони евра) и Баден (728 милиони евра).
За сега германското јавно мислење претежно е позитивно кон приливот на бегалци, а речиси 40% од анкетираните граѓани изјавиле дека тие се многу или претежно сигурни дека Германија може да ги надмине предизвиците што произлегуваат од бранот бегалци.
Под борба со причините за миграција, на што одат 11 милијарди евра, се подразбира испраќање германски трупи задолжени за уништување на мрежите за шверц на мигранти и поддршка во борбата против исламистичките групи.
Минатата недела беа прифатени нови мерки кои ќе им дозволат на германските власти побрзо и поредовно да ги депортираат одбиените баратели на азил. Во исто време федералната Канцеларија за миграција и бегалци, доби проширување на своите овластувања за мониторирање на барателите на азил и за пристапување на нивните лични електронски уреди (смартфон, таблет, лаптоп).