Постојат два типа луѓе: оние што имаат Тесла и оние што сакаат да ја имаат. Некој заради префинетата технологија во неа, некој затоа што го дели сонот на Маск за ставање крај на 130 годишното цараство на моторите со внатрешно согорување.
Но, купување нова Тесла не е баш нејеколошкиот потег кој може да ви текне. Всушност, некои хибридни возила (на пример Шевролет Волт) можат да бидат позелено решение отколку Тесла. Во калкулацијата влегува и тежината на возилото, километражата, возачките навики како и изворот на енергијата.
„Ако правите мала километража, најдобро е да се држите до автомобилот кој веќе го имате. Кога ќе дојде време за нова кола, земете некоја фина и мала електрична кола и останете со мала километража. Многу поеколошки потег е да останете со сегашната кола отколку да купувате ново ауто“, вели Мајк Бернерс Ли, еден од водечките експерти за мерење на штетните влијанија на продуктите кои ги купуваме.
Зад ваквата логика стои фактот дека секое ставање на нови 4 тркала на пат значи носење на свет на сeта онаа енергија потрошена за правење на таа кола. Имено, секој производ во себе има тн вклучен јаглерод диоксид, она што е испуштено во околината додека се екослоатирал материјалот за автомобилот, се преработувал и се склопувал. Секогаш кога ставате нова кола во погон - електрична или не - вашиот личен придонес кон загадувањето на планетав а расте енормно.
На пример, изработка на еден Форд Мондео генерира 17 метрички тони јаглерод диоксид а Ленд Ровер двојно од тоа. Освен тоа важен е и изворот на електричната енергија која се користи во земјата. Ако струјата доаѓа од фосилни горива јасно е дека и Тесла придонесува кон потрошувачката на овој вид штетна енергија
Користење јавен превоз, споделување превоз, држење мала километража, тоа се финти кои ѝ помагаат на Земјата. А ако веќе сте запнале да купите Тесла, па да си купите и ич да не ви чуе.