Пили Хусеин е едно од 38 деца кои со шест жени ги имал нејзиниот татко. Тој не бил премногу нежен родител но не ни бил приближно лош човек како првиот маж на Пили од кој едвај избегала.
Барајќи работа се нашла во едно мало место во Танзанија, во подножјето на Килиманџаро, единственото место на кое може да се најде илјадници пати пореткиот минерал од дијамантот - виолетовиот танзанит.
На Пили ѝ било јасно дека единствен спас од таквиот живот е да најде танзанит и да ги реши натрупаните животни проблеми. Бидејќи жени не можеле да бидат рудари, го сменила идентитот, се облекла како маж, се нарекла Вујко Хусеин и станала рудар.
Работела по 10 до 12 часа во окната длабоки и по 600 метри, барајќи танзанит во капиларите на графитните карпи.
„Знаeв да се тепам, имав поган јазик, пцуев како маж и носев нож“ вели денес Пили.
После една година среќата ѝ се насмевнала кога нашла две огромни парчиња танзанит, доволни комплетно да го смени животот. Но , во сплет на несреќни околности морала предвреме да го открие својот идентитет. Имено, некоја жена од местото пријавила дека била силувана од рудар и токму Вујко Пили бил препознат како насилникот па Пили во полиција морала да побара лекарски преглед за да докаже дека таа не можела да биде силувачот.
Денес таа има своја рударска компанија која вработува 70 луѓе. Има и три жени но не се рудари. Пили го плаќа школувањето на преку 30 внуци и внуки од своите браќа и сестри.