Терористка таа на мајка

Наставниците од едно тексашко школо решиле маскирано во шала, на крај на годината да им кажат на учениците што мислат за нив. „Ученичка со најголеми шанси да стане терорист“ е една од поделените плакети. Мајката на наградената ќе експлодира од среќа.

Лизет Виланева е седмоодделенка со добри оценки и без дисциплински проблеми. Па сепак, после завршната приредба на нејзиното учичиште, дома си отишла со плакета за „Ученик со најголем потенцијал да стане терорист“.

Наставничкиот колегиум на ова тексашко школо решило на овој начин да ја разведри приредбата доделувајќи им на учениците лажни дипломи со не баш престижни титули. И притоа добро се забавувале, што не може да се каже за наградените кои по дома се разишле шокирани, со прашањето „каде погрешивме“.

Освен за терористички потенцијал, имало плакета и за „Ученичка која ќе остане плачка за секоја ситница“ и „Ученик со најголеми шанси да стане клошар“.

Откако родителите дигнале ука-бука, колегиумот и директорот се извиниле за невкусното шалење но мајката на Лизет инсистира на поостри санкции во вид на откази.

А Лизет после тоа нема отидено до школо од што ѝ било незгодно. А може па се гледа во огледало и си мисли дека експлозивниот елек ја прави некако дебела ( немаат само наставниците лоша смисла за хумор).

 

28 мај 2017 - 09:12