Според резултатите, кај белите гласачи со колеџ образование Трамп ја поразува Хилари со разлика од 4 поени, меѓутоа кај белата работничка класа тој добива дупло повеќе гласови отколку неговата против-кандидатка.
Иако првичното објаснување (вон ФБИ и Русите) беше дека економската загриженост ги натерала Американците да го гласаат Трамп, студија спроведена од ПРРИ (Public Religion Research Institute) и Атлантик покажува нешто сосема поинакво:
"Доказите посочуваат дека гласачи со финансиски проблеми меѓу белата работничка класа е поверојатно да ја претпочитаат Хилари отколку Трамп. Освен партиската припадност, културолошката вознемиреност - чувствувањето како странец во Америка, поддршка за депортирањето на имигранти, и двоумењето околу инвестирање во образованието - најдобро ја предвидуваат поддршката за Трамп."
Групата белци без колеџ образование и без редовна работа, претставува вкупно една третина од американската популација. Во анкетите од ноември минатата година се покажа дека 64% од оваа група избрале да гласаат за Трамп, а само 32% за Клинтон. Според Пју истражувачкиот центар, Трамп има освоено повеќе гласови од оваа група отколку кој било претседателски кандидат од 1980 до денес.
Партиската припадност, без разлика дали е со книшка или самопрокламирана, е најсилен показател за тоа како ќе гласаат белците. Оние што се изјасниле како републиканци биле 11 пати поверојатно отколку не-републиканците да гласаат за Трамп. Партиската припадност била најистакната кај младите: меѓу белата работничка класа под 30 години, 57% од гласачите се идентификувале како републиканци, споредно со 29% кои се идентификувале како демократи. За споредба едвај нешто повеќе од половина од возрасните над 65 години се изјасниле како републиканци, споредено со над две-третини од истата група кои биле демократи.
На страна партијата / идеологијата, студијата идентификува три фактори кои предвидуваат како ќе гласа белата работничка класа:
- Првата е вознемиреноста околу културолошките промени. 67% од белата работничка класа изјавиле дека американскиот начин на живот треба да се заштити од надворешните влијанија. 79% од оваа група што биле со овие стравувања го избрале Трамп.
- Вториот фактор е имиграцијата. Иако само мал дел од оваа демографска група (околу 27%) изјавиле дека се во корист на политиката за идентификување и депортирање на нелегални мигранти, од оние кои биле за депортирањето, 87% гласале за Трамп.
- Трето, за 54% од оваа група инвестирањето во колеџ образование е ризичен потег, во смисла дека не знаат дали таа инвестиција ќе им се исплати во живот. Како што објаснува ЦЕО-то на ПРРИ, Роберт Џоунс "наративот на американскиот сон е дека ако учиш, стекнеш колеџ образование и работиш напорно ќе успееш во живот... овие анкети покажа дека многумина Американци од белата работничка класа, повеќе не сметаат дека оваа патека е достапна за нив."