Градот е сместен покрај реката Елба, некаде сред Јитланд, полуостровот со површина на Ирска, што го дели Северното море од Балтикот.
И покрај вака копнената позиција, само во јануари годинава на три наврати силни ветрови го вратија текот на Елба што во Хамбург го крена нивото на реката на 2 метри над нејзиното корито. Ова не им е ништо ново на локалците, кои со речиси кореографирана уиграност ги евакуираа опасните подрачја, почекаа водата да се повлече и исчистија.
"Се што требаше е после тоа да исчистиме. Тука живееме со водата. Кога ќе дојдат поплавите, ние ги отвораме нашите врати," изјавил првиот човек на градската агенција за патишта, мостови и води, Олаф Милер.
Она со кое Германците не се вака помирени се очекувањата дека до крајот на веков екстремните поплави кои се случуваат еднаш на 100 години заради глобалното затоплување ќе почнат да се случуваат еднаш годишно на северните брегови на Европа. Штетите од овие поплави се очекува да достигнуваат до 40 милијарди долари годишно.
Претходно во 2012, градските власти одобрија 86 милиони долари за зголемување на висината на насипите за еден метар што беше оправдано со тоа дека оваа надградба ќе биде доволна за да го заштити градот од палави и предвидениот раст на нивото на водата за половина метар во следните 100 години.
Откако очекувањата за катастрофалноста на иднината беа рекалибрирани и се покажа дека глобалното затоплување ќе предизвика далеку поголема штета, Хамбург одлучи во следните 30 години да потроши 592 милиони евра на засилување и извишување на 103-километри долгата мрежа на ѕидови и насипи.
Според компанијата за реосигурување Минхен РЕ, изградбата на инфраструктура за заштита од поплави е мудра финансиска одлука: "секој долар потрошен на адаптација се враќа 10-кратно во избегната штета".