Уште во претседателската кампања Конвеј понесе добар дел од критиките што доаѓаа кон Трамп, за потоа ова да продолжи и по изборите, инаугурацијата, влегувањето во Белата куќа и низ првите 100 дена од мандатот.
Дел од алатките со кои се користи Конвеј во досегашното соочување со медиумите вклучуваат:
- Кул девојка: Нешто да се третира или смета како да има помало значење. Да се тривијализира на начин чија цел е тоа нешто да се потчини или да се импресионира.
- Даскалување: Нешто строго да се отфрли; и да се прекори околу она што се смета за прекршување на нормите и правилата.
- Ледена кралица: Да се покаже дистанцирано непријателство; да се однесува ладно, обично со покажување одвратност.
- Лош си!: Се користи во очајни моменти за да се изрази ужасување и повредени чувства.
- Мајкување: Кога се објаснува нечие однесување на заштитнички начин, како да си му мајка.
- Извртување зборови: Диверзија што ја менува темата разговор кон нешто што повеќе ти одговара.
Можно решение за ова според Вик? Сет Маерс. Видео со дефинициите и конкретни примери како Конвеј го прави тоа: