Фармата е сместена во близина на северно-западниот брег на Англија, а турбините се со височина од 195 метри, со што се највисоките ветерни турбини на светот кои се во комерцијална употреба. Новата инсталација составена од 32 џиновски турбини е дополнување на една постара фарма од пред една деценија.
Секоја од 32-те турбини има 3 перки долги по 80 метри, кои вадат по 8 мегавати или 258 од целата фарма. Според данската компанија ДОНГ енерџи, изведувачот на проектот, еден круг на перките на турбината е доволен за напојување на едно домаќинство со струја за 29 часа. Ова е и прв пат во светот да бидат искористени 8-мегаватни турбини.
Бројките на Гардијан покажуваат дека Британија има инсталирано повеќе "офшор" ветерници отколку која било земја во светот, и моментално вкупниот капацитет од ветер е 5,3 гигавати што е доволно струја за напојување на 4,3 милиони домови. Во тек се уште 8 вакви проекти кои се очекува да го зголемат овој капацитет за уште 50%. За споредба, САД дури неодамна ја добија својата прва фарма на ветерници сместена во близина на американскиот брег.