Разно

Австралија ќе има проблем да одговори на три прашања за Новак

Новак Ѓоковиќ беше еден од 26 луѓе кои побарале медицинско изземање од правилата за влез во Австралија и сите тие случаи биле решавани анонимно. Експерт за имиграција вели дека властите сега ќе се соочат со најмалку три незгодни прашања од адвокатите на тенисерот, откако му беше оспорена визата и оневозможено уште еднаш да загосподари на Австралија Опен. 

Разбудените утнаа и кај латиносите

Бидејќи на прогресивните бадијалџии ознаката латино им се чинеше премногу машка (женски е латина), смислија демек родово неутрален термин латинкс (latinx). Терминот се фати во нивни кругови, но не и кај самите латино луѓе кои сега прашуваат: Кој ви даде право да ни кажувате како да се викаме?

Пекинг си го зачисти воздухот

Пред седум години Кина објави војна на загадувањето на воздухот и сериозно почна со релокација на  индустрија, намалување емисии од транспорт, кратење јаглен... Лани во Пекинг ги исполниле зададените стандарди.

Во Америка и краденото треба да се пријави за данок

Сте украле автомобил или нешто друго? Сте дале мито? Ако, нека ви е со среќа, сè додека сте сигурни дека тоа го имате пријавено во годишната даночна пријава во нивниот УЈП.

Пандемијата уби уште еден француски ќеиф

Млади, глупи и аздисани Французи обожаваат да палат рандом автомобили за новогодишните празници. Во добри години знаеле да запалат и преку 1.300 коли во една ноќ. Годинава не успеале да буфнат ни 900.

QAnon еволуира и влегува во системот

Иако од нивниот лидер, фамозно мистериозниот Q нема абер повеќе од една година, движењето кое тој го покрена не само што не го снема туку е можно да стане уште повлијателно, и тоа долги години кои се пред нас. 

И колите ги убиваат, зар не?

Занимливи работи се работи се случуваат во полето на транспортот и личниот превоз. Британска министерка порачува дека е време да се напушти стариот концепт на поседување своја кола а во САД има предлози да се плаќа данок на секој извозен километар.  Време е да се мисли за коњ.

Париски ноќи: Кога Алжирци беа убивани и фрлани во Сена

Франција се одважи да се соочи со некои од своите државни злосторства и да ги отвори архивите кои досега беа недостапни: за алжирската борба за независнот и за масакрот на Алжирци во Париз кој се оценува како најнасилната државна репресија против улични демонстрации кој некогаш се има случено во Западна Европа.

Вест која ќе ни ги вознемири зелените од ДУИ

Еден широко користен растворувач за бои и отстранување дамки се наоѓа на „зелената“ листа на Агенцијата за заштита на човековата околина, иако постојат многу наводи дека е канцероген. Токсиколог од агенцијата го навел тоа во еден негов извештај, ама неговата шефицата проценила дека не мора тоа да оди во јавност.

Тони Блер знае каде одиме

Поранешниот британски премиер рече дека на луѓето ќе им требаат нови дигитални идентификациони документи во кои ќе стои „статусот со болеста“ кои заедно со програмите за следење се „природна еволуција“ на начинот на кој ќе живееме. Кој спомна чипови?

Европа дига глас против Елон Маск

„Престанете да му попуштате на Елон Маск, не може тој човек да носи правила кои само нему му одговараат!“ грмнал новиот шеф на Европската вселенска агeнција. Небото над нас толку се начичкува со сателити што неекои астрономи стравуваат дека веќе нема да можеме да ја истражуваме вселената од Земјата.  

Сите студенти со проблеми, па и оние од Кембриџ

Студенти во Кембриџ изразија загриженост што се принудени да си купуваат готови пецива откако универзитетската кујна останала без шефот за лиснати теста. Некои велат дека го изгубиле чувството дека се на Кембриџ.

На каде дуваат „прогресивните“ ветрови во школството?

Во САД годинава почнаа да укинуваат казни за ненапишана домашна или писмена задача. Ако не ја напишал на час, ученикот може да си ја однесе писмената дома и да ја врати кога сака. Ако воопшто сака. Ако не, му се дава друга. „Ова ќе го изеде школството одвнатре“, велат загрижени професори.

Стравот на Маск e колапс на популацијата

Човекот што има шест деца смета дека колапсот на глобалната популација е најголемиот ризик за човековата цивилизација, „ќе биде тажен крај (на цивилизацијата) кога младите во пракса ќе бидат робови на грижата за старите“.

И МИТ свитка кичма пред преторијанците од Твитер

Престижниот универзитет од Масачусетс реши да откаже неконтроверзно предавање на еден професор на комплетно научна тема. На баграта им пречело нешто друго од професорот, сосема неповрзано со неговата дисциплина - тоа што бил против нивниот Охридски рамковен договор.   

Франција се брани од американската разбуденост со европска антика

Францускиот министер за образование најави дека ќе бидат засилени изучувањата на античките европски цивилизации со цел младите Французи да бидат поотпорни на културниот нихилизам кој доаѓа отаде барата а кој инсистира на осуда, бришење или ретуширање на речиси целата културна историја, сведувајќи ја на обична маска за ропство и расизам. 

Бајден ќе воведе дипломатски бојкот на Олимпијадата во Пекинг?

Речиси е извесно дека ниту претседателот на САД, ниту кој било висок претставник од администрацијата на Бајден, ќе присуствува на ЗОИ 2022.

Декадентност како највисок стадиум на комунизам

Високи претставници на виетнамската комунистичка партија одат на „аџилак“ да оддадат почит пред гробот на Карл Маркс во Лондон. Таа работа ја завршуваат и отприлика тука им завршува оданоста кон комунизмот.

Џеф Безос: Малкумина ќе останат на оваа планета

Одвратно богатиот газда на Амазон предвидува дека на Земјата ќе останат малку луѓе и дека планетата ќе ја претвориме во своевиден природен резерват. Останатите ќе живеат на други места во вселената. А кога зборува за живот на другите, Безос главно мисли на нивно црнчење.

Океаните страдаат од Пластик-19

Пингвини со заштитни маски во стомак или риби заглавени во медицински ракавици е сè почеста слика во океаните во кои завршува речиси целата пластика поврзана со пандемијата. На таа тема досега се произведени 8 милиони тони отпад.

Министер за здравство го тужи Ван Морисон

Легендарниот Ван Морисон е генерално напизден на сите карантини, локдауни и други мерки за ограничување на слободата а конкретно го има безецирано министерот за здравство на Северна Ирска. Ќе мора да се разберат на суд.

„Токсична позитивност“ или зошто „многу арно не е на арно“

После токсичната машкост, терминот „токсична позитивност“ сè почесто циркулира наоколу а е несакана нуспојава од бранот „позитивност“ кој го шират лајфкоучери и други непостоечки занимања.

Франција извади уште „по Ле Пен“ претседателски кандидат

Исламот е многу поблизок до јудаизмот отколку до христијанството во смисла дека e политичка идеологија, и како таков треба да биде забранет во Франција, а муслиманите со тек на време треба да почнат да се асимилираат во француското општество, порачува Ерик Земур, француски новинар, писател, ТВ водител и можен иден кандидат за претседател.

„Let’s go Brandon“ и хистеријата на елитите

Ја видовме ние таа смешка уште-рано само ни се виде банала па не ѝ обвнавме големо внимание. Не ни помислувавме во какви сè правци ќе отиде приказната. А отиде насекаде: стигнување на топ листи, забрана на Јутјуб, правење драма од ништо...