Отсекувањето глави и не е така застарена пракса: последната глава летната под државно покровителство (Франција), е онаа на Хамида Џандуби во 1977, само неколку месеци по премиерата на Стар Ворс - што технички ја прави оваа егзекуција посовремена од R2-D2.
Без морбидна тривиа, овoj језив метод на погибија и неговите популарни еуфемизми („патриотска фризура“, „кивање во кошница“) кои служеле за прикривање на спектакуларно крвавиот приказ, главно се минато. И додека „гилотината“ - наречена така по др. Јозеф-Игнациј Гилотин, кој во 1789 препорачал употреба на острица која помогната од гравитацијата би дала чувство на „ладен здив во тилот“ - била ефикасна, постоеле и финеси.
1. Прво било „гибетина“
Пред др. Гилотин да излобира за своето, позната била друга варијација на гравитациска острица. Била наречена „гибетина од Халифакс“, и била популарна казна за џепарошите во 16-тиот и 17-тиот век во Англија. Два столба со тежок дрвен блок помеѓу нив, „оплеменет“ со жилет на дното, поврзан со јаже.
Не било многу различно од гилотина, со таа разлика што претходниците не воделе сметка за острицата и сечењето често испаѓало, ух, гмечење. Оливер Кромвел сметал дека казната е престрога за ситни лопужи па ја укинал. Не за долго, самиот Кромвел постхумно бил обезглавен а главата му е набиена на кол од политичките неистомисленици. Нефункционална реплика на „гибетина“ денес е изложена во Халифакс, западен Јоркшир.
2. Сатарот бил предмет на ценкање
Крвниците што сечеле биле во позиција да земат пари за „услугите“. Тоа знаело да значи или намерно продолжување или скратување на маките на осудените. Џек Кеч, лондонски главосек од 17-тиот век, примал мито од оние кои наскоро ќе му паднат под острица во замена за гаранција за брз крај. Знаел да зема пари и од непријателите на осудените, во замена за подолго крваво шоу. Озлогласена е погибијата на војводата од Монмаут во 1685-та, кого пет пати го удрил со секирата пред да биде принуден да го докрајчи со нож. Еден (веројатно апокрифен) детал: војводата толку се изнервирал што го колат со тапо, што после првиот удар ја дигнал главата и луто погледнал во Кеч, со порака „аман бе, чоек?“
3. Некои можеле да ѝ избегаат на смртта
Погибиите во Османлиското царство се карактеризирале со извесен степен психолошка тортура. Оние кои се прашувале дали ќе страдаат добивале пијачка - кога ќе им сипеле бела, значело дека се чисти. Ако била црвена - дошло време да си ги „фрлат чевлите“.
Но, постоеле и судиски продолжетоци. Кога жртвата била во можност да му избега на џелатот трчајќи, бивала помилувана. Во Истамбул тоа се случувало на Топкапи во 18-тиот век, на патека пократка од 300 метри. Кој избегал - избегал, но тоа ретко било случај од причина што џелатите го познавале теренот одлично.
4. Џелатите не носеле качулки
Поп-културата е полна со референци каде крвниците се во облека што го сокрива нивниот идентитет. Иако маски и тогаш постоеле, извесни региони токму спротивно, го истакнувале идентитетот на егзекуторот. Во скандинавските земји, во средниот век, им ги сечеле и ушите или им ги брендирале лицата со цел „да не можеш да ги утнеш“.
Реално, за егзекуторите било подобро анонимно, бидејќи заедниците овие луѓе обично ги избегнувале и нив и нивните потомци, за кои единствена шанса било кога ќе пораснат да го наследат семејниот бизнис.
5. Обезглавувањата се инспирација за Мадам Тисо
Што да се прави со тазе скината глава? Ако сте уметникот-пионер за восочни фигури Мери Тисо, би го сфатиле тоа како поттик. Тисо делумно го усовршила својот занает правејќи модели од одбрусени глави. Тисо и самата ќе ја изгубела главата осомничена како ројалистка во времето на Француската револуција. Откако била пуштена, продолжила да работи во Лондон а таму го отворила и познатиот музеј.
6. Убиство со посвета
Заради нивната тежина, а со искрена надеж за чист рез, глави обично се отсекувале со секира и со две раце. Но, биле користени и мечеви, а некои имале калиграфски испишани написи. На еден меч изложен во Музејот на уметностите во Кливленд стои:
„Кога ќе го подигнам овој меч, посакувам овој јаден грешник да се здобие со вечен живот.“
7. Кефалофорите биле своеглави и постхумно
Откако постои погибија, постои и митологија за луѓе кои барем накратко успеале да и пркосат на смртта. Некои христијански светци, наречени кефалофори, наводно биле способни да ја држат главата крената и после отсекувањето. Еден таков, Јустус, откако му ја исекле главата, изговорил молитва и посакал да се види со мама. Ок, но не е тоа нај јако. Свети Денис, наводно, ја носел својата отсечена глава скоро десет километри.
8. На еден човек му било смешно
Шкотскиот лорд, Сајмон Фрејзер, во 1747-ма отишол под меч во Лондон поради предавство на востанието на Јакобитите. На самата гилотина, тој играл мајтап со крвникот, а особен ќеф му се направил кога се срушила трибина полна луѓе дојдени за сеир, при што загинале 9 гледачи.