Трилиони долари за обвновливи извори се фрлија во ветар

Пред десет години, енергијата добиена од фосилни горива учествуваше со 82% од вкупната потрошувачка на енергија. Оттогаш, во обновливи извори на енергија се инвестирани 3,8 трилиони долари. Погодете до колку се дојде? До 81 процент!

Џо Кернен од CNBC:

ОПЕК повторно се главни бидејќи не се инвестирало доволно во обвновливи извори. А сè што Европа правеше беше тоа, инвестираше во обновливи.

Џеф Кари од Голдман Сакс:

Еве ви една статистика од јануари годинава. На крајот на минатата година, учеството на фосилните горива беше 81% од вкупната потрошена енергија. Пред десет години беше 82. Значи, цело она силно инвестирање во обвновливи од 3,8 трилиони долари, да повторам 3,8 ТРИЛИОНИ, ги спуштија фосилните од 82 на 81%.

ИМајте ги предвид последните случувања и што се случи со губењето на гасот и неговата замена со јаглен, цифрата најверојатно е и над 82%.

Сув остаток е дека нема направено никаков напредок. ОПЕК повторно го држи кормилото, посилен од кога било порано бидејќи другите земји не инвестираа адекватно во енергетско производство, инфраструктура и капацитети за испорака.

Се веруваше дека најизложени на овие проблеми ќе бидат земји како Бразил, но се чини дека денес во полоша позиција се Европа и Јапонија.

 

 

 

 

28 октомври 2022 - 12:12