Кока-Кола порачува дека и таа „ја споделува целта за елиминирање на отпадот и ги подржува напорите за зголемување на свесноста“.
Активисти кои во моментов потпишуваат петиција за раскинување на договорот за спонзорство, возвраќаат со бројки:
„Кока-кола годишно продуцира 120 милијарди пластични шишиња а 99% од пластиката се добива од фосилни горива“, вели за Гардијан Џон Хочевар, директор во американскиот Гринпис.
Компанијата во 2019 призна дека годишно троши три милиони тони пластика за амбалажа на своите производи, потсетува BBC.
За активистите, ваквиот потег е класичен пример за „greenwashing“, често користена ПР и маркетинг стратегија на многу компании кои сакат да го подобрат својот еко-имиџ и да се претстават „позелени“ отколку што се.
Договорот за спонзорство е потпишан меѓу компанијата и државата Египет, во што Наоми Клајн регистрира уште некој лицемерен момент на прогресивниот свет:
„Супер забавно е да се гледа како еден климатски самит кој го спонзорира Кока-Кола се одржува во полициска држава, додека „цивилното општество“ своето гадење го чува за високите хотелски цени, наместо за политичките затвореници во таа земја“.