Додека луѓе во Европа ги лазат морници од реалната можност зимава да немаат греење или пак да не можат да го платат, Бил Гејтс ни порача дека на долг рок сегашниот недостаток на енергенси е добра работа.
„Луѓето станаа претерано оптимисти за тоа колку брзо можеме да ја оствариме транзицијата. Мораме да најдеме извори на јаглеводород што не се во Русија, за да можат електраните да продолжат да работат, бидејќи греењето на луѓето и одржувањето на економиите во работна кондиција е приоритет. Од друга страна, тоа е добро на долг рок, затоа што луѓето нема да сакаат повеќе да зависат од рускиот природен гас и побрзо ќе прејдат кон нови алтернативни пристапи,“ изјави Гејтс.
Во овогодишната проценка на состојбите во енергетиката, Гејтс порачува дека одговорноста за преод кон декарбонизација на индустриите лежи кај оние земји какви што се САД кои денес се напредни благодарејќи на користењето фосилни горива.
Многу земји во Европа и Северна Америка ја наполнија атмосферата со CO2 заради сопствен економски просперитет, и не е фер да се очекува други да го игнорираат тоа сценарио и да се откажат од подобар живот затоа што во меѓувреме се утврдило дека јаглеродот е штетен.
„Не мислам дека пазарот сам по себе во период од само неколку децении, ќе може да ја ресетира. Потребно Ни треба план да го забрзаме процесот“ поентира основачот на Микрософт.
А, во меѓувреме...