19 годишниот Ниман ги тужи Магнус Карлсен, најпознатата шаховска платформа chess.com и велемајсторот Хикару Накамура за клевета и бара отштета од 100 милиони долари.
Драмата започна кога светскиот шахист број 1, Магнус Карлсен со бели фигури изгуби од Ниман, најслабо рангираниот шахист на турнирот во Сингвефилд во Сент Луис кој носеше награда од 350.000 долари по што го напушти турнирот, нешто што дотогаш го нема направено.
Прво имплицитно а потоа и отворено се посомнева дека младиот шахист мамел во што му поверува и Накамура и луѓето од chess.com кои подоцна извадија документација дека Ниман има мамено на онлајн натпревари.
Тој пак вели дека се работи за повредена суета на Карлсен за кој тврди дека е „озглогласен по тоа што не знае да губи“ и дека координирано со Накамура и платформата го имаат наклеветено без никакви докази по што трпи последици бидејќи е одбиван од турнири и не му се дозволува да подучува шах.
Се шпекулираше дека младиот Ниман успеал да победи со помош на вибрирачки анални топчиња или пак дека некако дошол до видео од тактиката на Магнус.
Последната слична шаховска драма се случи во 2005 година. Медимски беше наречена Тоалетгејт бидејќи Веселин Топалов го обвини Влад Крамник дека оди во веце само за таму да ја анализира играта.