Целата драма почнува на 500.000 долари вредниот Синквефилд куп каде Карлсен, по 53 добиени дуели по ред, беше поразен од 19-годишниот Ханс Ниман. Карлсен играше со бели фигури.
По поразот тој веднаш се повлече од турнирот, а еден ден подоцна на Твитер објави видео од Мурињо без дополнително објаснување, како изјавува „ако прозборам, ќе имам големи проблеми“.
Како што ова се случува почнуваат да се шират шпекулации дека Ниман на мечот против Карлсен се служел со вибрирачки анални топчиња. Според други тврдења, тој некако успеал да стигне до видео од подготовките за тактиката на Карлсен.
Од Гардијан се распрашуваат околу првата шпекулација со аналните топчиња, и без подетално да се навлегува во методите како функционира целиот систем добиваат објаснување дека „кога врвни играчи знаат дека постои потег кој би им дал значителна предност и тој некако им е сигнализиран, тоа би им било од голем помош.“
Би-би-си објаснува дека најдобрите шаховски апликации денес се далеку подобри и од најдобрите играчи, а истите се достапни бесплатно. Апликациите обично имаат опција во нив да се внесе конкретна партија, до одреден потег, и да се остави компјутерот да одигра „речиси совршен потег“. Заради ова и се забранети мобилни уреди или слична електроника за време на дуелите.
Ниман ги негира и двете шпекулации.