„Цените на производите во маркет рипнаа за 30 до 40 проценти (блазе си им - н.з.). Што направивме? Ги кренавме цените. Но, во равенката се и и растечките цени на гасот и електричната енергија. Можеме ли без нив? Одговорот е - не“.
Ова била појдовната точка на еден сопственик на ресторан во Брисел од која решил да мозга нова стратегија за претстојната зима, притоа надевајќи се дека и општеството ќе сфати во каква ситуација се наоѓаме.
Лесно е да се заменат сијалиците со свеќи па како бонус да се добие и романтична атмосфера. Но, што со шпоретите, топлите чинии, машините за кафе?
Газдата на ресторанот Расинс решил да приреди пробна вечера за сезоната зима 2022 и да подготви мени без придобивките од модерните на модерното време.
„Идејата беше да се вратиме во каменото доба,“ вели Франческо Кари.
Во тоа учествувале дузина ресторани од Брисел а тематската вечера ја нарекле „Брисел јаде во темница“. Се нудело живо и свежо, или пак нешто правено на жар од дрва.
Во конечната верзија и не мора да звучи толку лошо: кујната на Франческо служела бриош со инчуни, поркета и фокача подготвени на жар, за десерт - крем од рикота со џем од тиква и ф'стаци. Предјадењата главно ладни или пак малку фрлени на оган.
Какво време дојде, наместо со скапи коли и часовници, „шизици“ на Инстаграм ќе почнат да курчат со фотки од сарма или некое друго споровозно јадење.