Разно

Депониите се идните „рудници на злато“

Не копајте по Земјата, копајте по ѓубриштата. Ова е сосема сериозен совет од научници на кои им е јасна состојбата и залихите на драгоцени метали кои се неопходни за производство на електронски уреди и апарати. Планетава нема доволно ама затоа купишта имаме по депониите.

Западот вс. Остаток

Пред почетокот на војната Путин прави неколку големи грешки: ја преценува руската воена моќ, ја потценува украинската волја и погрешно смета дека Западот нема да се обедини против него. Исто така Путин погодува една работа: дека „Остатокот“ од светот нема да ја осуди Русија или да воведе санкции.

Вселенска е раката на Канада

Во 443-те легислативни страници за имплементација на годинешниов канадски буџет, новинарите открија амандман со кој на канадските астронаути им се забранува да убиваат или крадат додека се на вселенска мисија. Што значи дека до сега можеле.

Пратеник одев мајко, порно ми беше

Британската конзервативна партија го суспендираше Нил Периш а тој поднесе оставка како член на британскиот парламент откако се дозна дека гледал порно на парламентарна сесија. Периш прво се вадеше дека гледал трактори и случајно забегал на погрешна страна. А после му се уарнило.

На 79 години, Џо Бајден реши да ни каже дека е машко

Она помодарско декларирање на личните заменки се претвора во религиозна хистерија. Капак: и Џо Бајден и Камала Харис решија да ги декларираат нивните заменки. Тој бил „тој“ а таа била “таа“. Небаре некој на светов, замелушениот старец и неговата каранконџула досега ги сметаше за родово флуидни.

За самоубиство, Јордан се заканува со затвор

Јордан е на пат да го криминализира самоубиството и секој обид да се одземе сопствениот живот на јавно место. Казните се парични ем затворски. Ако е масовно, казните се дупли.

Кога ќе на Твитер појдете, со слобода не се расфрлате

Една од првите институции кои реагираа на веста дека Твитер за 44 милијарди го купи Илон Маск беше Европската Унија. Не да честита или да изрази надеж за соработка туку да го потсети дека неговите визии за слободен говор не проаѓаат туку така во регулираниот простор на Унијата. 

Билд ги советува Германците помалку да се бањаат

Германците ќе мора да променат некои навики за да ја остварат најновата стратешка цел - енергетска независност од Русија. Ама, поретко туширање, нели е тоа нехигиенски? Напротив, вели Билд, секојдневното користење сапун и онака ѝ штети на вашата кожа.

Бандите на ЛА во уличен лов на богати

Најмалку 17 различни банди во Лос Анџелес имаат нов начин да си го вадат лебот. Наместо досадни планирања и подготовки, со автомобили кружат околу местата на кои се собираат луѓе со пари и на лице место ги пљачкаат додека си рекол „гламур“. 

Деколонизирање на математиката?

Фамозната инклузивност, расна сензибилност и слични тотеми на денешното време метастазираа и во една таква наука каква што е математиката. Од некои професори се бара да размислат можеби да не претеруваат со формули на бели математичари.    

Како БЛМ стана голем бизнис?

10 години откако се роди, движењето постигна многу, само што тие постигнувања не се мерат во нечија рамноправност, туку во милиони долари. Лидерите на БЛМ можеби звучат како марксисти (често од црвено-кмерски происход), но затоа суштината им е дебело капиталистичка.

БЛМ си купија куќиче за 6 милиони долари

Сега кога го нема Трамп па нема потреба да се дивее по американските градови во име на важноста на црнечките животи, Блек Лајвс Метер си се почастија со пансион од 6 милиони, до последен долар добиени од донации. Во пансионот на времето имаат престојувано Хемфри Богарт и Мерилин Монро.  

Западот е со Украина. Остатокот од светот, не баш

Долгогодишните врски на Африка и Азија со Русија и презирот што тие го имаат кон Вашингтон, ги држи на дистанца од конфликтот - барем за сега, пишува Колум Линч во текстот за Форин полиси.

Кои се десетте најбогати руски губитници

За неполн месец имаат изгубено 39 милијарди долари. Но, десетте најбогати руски олигарси (со западен термин: претприемачи) имаат нето вредност од 186 милијарди долари, колку што изнесува пазарната капитализација на МекДоналдс, на пример.

Големата корална бариера побеле од топлото

Воздушни снимки покажуваат дека ниеден од 750-те корални единици кои го  сочинуваат големиот подводен гребен кај Австралија долг околу 1.200 километри, не ја избегнал топлината. Се работи за вонреден настан, во година во која коралите требаше да се подизладат.

Јутјуб ја цензурираше Тулси Габарт

Видео платформата на Гугл продолжува со отстранување на сите непожелни наративи во врска со војната во Украина. Последна жртва е екс конгресменката Тулси Габарт и проценката дека продолжувањето на војната првенствено е во корист на воено-индустрискиот комплекс кој Украина би ја претворил во уште еден долгогодишен Авганистан.

Краток излет во „зајачката дупка“

Колку далеку сме од свет во кој се прогласува некоја пандемија и за само неколку месеци секој е обврзан да ги прифати и следи медицинските протоколи или во спротивно, е принуден да изгуби пристап до своите пари, па дури и да купи храна додека не послуша?

Затвореник - вежбанка

Гревов го уапсиле во Пакистан, нелегално го префрлиле во таен затвор на ЦИА во Авганистан па таму го тепале редум за луѓето да си добијат сертификати за обучени испрашувачи. За возврат, тој добил оштетувања на мозокот. Ајмо сега реакции: а што, во руски затвори да не е поарно?

Часовникот на апокалипсата не мрда

„Часовникот на апокалипсата“ е симболично предупредување за човештово колку сме блиску до уништување на нашата планета. Во моментов Путин мавта со нуклеарки, во Украина се води жестока војна но оние што го курдисуваат саатот решија да го остават на истото време како пред три години. За време на Трамп, трипати го мрдаа напред.

Шери ДеВил, порно ѕвезда

Виза и Мастеркард имаат фактички дуопол во светот. Многу пред контроверзите со Канада и Русија, порно актерката Шери ДеВил има предупредувано дека овие политизирани финансиски моќници имаат преголема контрола врз слободата. А правилата за порното им се, во најмала рака, перверзни.

Дали ЦИА ја води про-руски путинист?

Ја гледате и сами острастеноста со која деновиве се лепат етикети за про-руски и про-путин ставови (во кои предничат едни те исти твитер телетабиси или борјановци и слични лигуши од рекетарски телевизии). Некој да нè бомбардира некој ден, овие штакори ноќе со лампи ќе осветлуваат кровови за да маркираат цели.   

Стравот ќе го надживее коронавирусот

Има сè помалку реални причини да стравуваме од коронавирусот. Но, стравот во меѓувреме стана наше дифолтно подесување. Како што викаше американскиот претседател Рузвелт, следната наша битка е со самиот страв.

Проклетството на пирамидалните пари на Берни Мадоф

Десет години откако изгуби милиони во имамничката понзи шема на нејзиниот брат, се уби/самоуби неговата сестра, решавајќи заедно со својот сопруг да си ги скратат маките. Претходно млади завршија двата сина на измамникот од Вол Стрит. 

Уште еден обесен во ќелија од кругот на Епстин

Се затвораат устите кои можат да зборуваат за ланецот малолетна проституција која за богата политичка и финансиска клиентела ја организираше американскиот милијардер Џефри Епстин. Некои со смрт, некои со плаќање.