Биолошките мажи се префрлаат во женски затвори низ Америка тврдејќи дека се жени - ситуација која настана како резултат на обидот на администрацијата на Бајден да ја промени дефиницијата за жена. Либи Емонс, главна уредничка на The Post Millennial потсети дека има затвореници мажи кои одлучуваат дека се жени дури откако ќе бидат затворени и потоа бараат влез во женските затвори.
„Тоа се случува многу. Добар дел од мажите кои се ставени во женски затвори се насилни и многумина од нив извршиле злосторства против жените“, вели Емонс.
Дури и кога женски затвор е класифициран како затвор со „максимално обезбедување“, тој прилично се разликува од соодветниот машки затвор и повеќе е како машки затвор со средна безбедност.
Екипата на Бајден упорно работеше да ја промени дефиницијата, жена да биде секој што се идентификува како жена, а потоа им порачаа на федералните органи:
„Преиспитајте ги сите ваши политики и програми и уверете се дека не сте пристрасни кон мажите кои велат дека се жени. Користете ја новата дефиниција,“ пренесува Емонс.
Во затворите во Њу Џерси, мажите се пуштаат во женски затвор само што ќе кажат дека се жени. Еден од нив, маж со транс име Деми Манор, оплодил две жени додека бил во женски затвор. Бил отстранет од таму но сега се се обидува да се врати.
Откако гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, во 2020 година го „Законот за почитување и достоинство на трансродовите луѓе“се случија масовни барања од машки затвореници да бидат префрлени во женски казнено-поправни установи. Тоа го побарало 261 лице. Меѓу нив немало ниедна жена што се чувствува како маж па да бара да биде сместена во машки затвор.
Темата не е само американска туку е актуелна и во други западни земји како Австралија, Нов Зеланд, Англија, Шкотска....
Во Англија решија да создадат посебни секции за транс-затворениците бидејќи биле со проблематични однесувања.