„Кога во 1980-та побарав од прес-службата на американскиот оддел за енергетика да ми испрати список на тестирања нуклеарни бомби, агенцијата ми испрати официјална брошура во која тестот Тринити во Ново Мексико беше на врвот на листата, но затоа второ на листата беше бомбардирањето во Хирошима на 6 авгус 1945, а трето бомбардирањето во Нагасаки три дена подоцна“, пишува Норман Соломон во Салон.
Тоа значи дека 35 години по бомбардирањето на тие јапонски градови, американската агенција задолжена за нуклеарно оружје Хирошима и Нагасаки ги категоризираше како „тестови“. Подоцна, класификацијата се промени, очигледно во обид да се избегне потенцијален ПР проблем.
Физичарот Дејвид Фриш, ангажиран во проектот Менхетен подоцна се сеќаваше како американските воени стратези едвај чекале да бидат први кои ќе посегнат по атомска бомба, чисто за да ја оценат нејзината политичка ефикасност.
Нуклеарната ера започна кога претседателот Хари Труман го најави атомското бомбардирање на Хирошима како „важна база на јапонската армија“. Тоа беше флагрантна лага.
„Хирошима не беше „армиска база“ туку град со 350.000 жители. Имаше еден важен воен штаб, но бомбата беше насочена кон самиот центар на градот - и далеку од неговата индустриска област“, вели истражувач на атомските бомбардирања на Јапонија, Грег Мичел, и додава „Можеби 10.000 воен персонал ги загубија животите во бомбата, но огромното мнозинство од 125.000 загинати во Хирошима беа жени и деца“.
Три дена подоцна, кога атомска бомба падна на Нагасаки, градот беше опишан како „поморска база“, иако помалку од 200 од 90.000 загинати беа воен персонал.