Транс-жени, помагајте!

Според сегашните трендови, овој век ќе го завршиме помалубројни отколку што сме сега а населениот за првват ќе опадне после Црната чума. 15-те најголеми земји имаат помала стапка на раѓања отколку што е потребна за проста репродукција и меѓу нив не се само богатите, туку и Индија и Кина.

Во отприлика 250 години од Индустриската револуција, светското население, како и неговото богатство, експлодираше. Меѓутоа, пред крајот на овој век, бројот на луѓе на планетата би можел да се намали, за прв пат после Црната чума.

Главната причина не е во умирањата, туку во раѓањата.

Во 2000 година, стапката на фертилитет во светот изнесувала 2,7 раѓања по жена, удобно над репродукциската стапка од 2,1, со која популацијата е стабилна. Денеска таа е 2,3 и паѓа. Најголемите 15 земји во светот имаат стапка на фертилитет под стапката на проста репродукција. Тоа ја вклучува не само Америка и голем дел од богатиот свет, туку и Кина и Индија, кои заедно сочинуваат над една третина од глобалното население.

Главните примери за стареење веќе не се само Јапонија и Италија, туку  и Бразил, Мексико и Тајланд. До 2030 година повеќе од половина од жителите на источна и југоисточна Азија ќе имаат над 40 години. Надвор од Африка, се предвидува дека светската популација ќе достигне врв во 2050-тите а веков ќе го завршиме помалубројни од денес.

Дури и во Африка, стапката на плодност брзо опаѓа.

Богатиот свет моментално има околу три работоспособни лица меѓу 20 и 64 години за сите што се постари од 65 години. До 2050 година ќе има помалку од двајца.

 

9 јуни 2023 - 09:44