Бајденови за почетници

И ние и други на ангро имаме пишувано за апла матните зделки на Џо Бајден и неговиот син Хантер со Украина. Како што бива и во други слични случаи, кога една тема ќе се наполни со детали, можеби се чини прекомплицирана и тешко да се раскаже. А не е така.

На фукцијата потпретседател на САД, Џо Бајден е одговорен за односите со Украина и американските интереси во таа земја.

За време на тој негов мандат, државниот украински обвинител Виктор Шокин почнувада истражува наводи за корупција во нафтената компанија Буризма.

Буризма го ангажира синот на потпретседателот, Хантер Бајден, за плата од 83.000 долари месечно, за да имаат пристап до татко му.

Буризма го молат Џо Бајден да им помогне да се прекине истрагата на Шокин.

Бајден ѝ се заканува на Украина дека ќе им ја задржи ветената една милијарда долари помош за земјата ако тогашниот претседател Порошенко не го сопре Шокин.

Шокин бива отстранет.

Украина ја добива милијардата.

Бајден добива 10 милиони долари.

Толку.

**************

Види и:

Како Бајден ја уценуваше Украина

Бајден бил на спикерфон за време на бизнис разговорите на Хантер

Цензурираниот текст за Бајден заради кој Глен Гринвaлд даде отказ во Интерсепт

***************

 

 

2 август 2023 - 13:34