Им реков, нема да ја добиете милијардата... Ги погледнав и реков: Си одам за шест саата. Ако обвинителот не биде сменет, нема да ги добиете парите. Мамицата (son of a bitch), го сменија!
Џо Бајден
Официјално, Бајден барал смена на спорниот обвинител (Виктор Шокин) затоа што бил корумпиран а не за да го спасува својот син, Хантер Бајден, кој за членство во одборот на најголемата украинска енергетска компанија Буризма, добивал надокнада од 83.000 долари месечно.
Инаку, тој Шокин почна да ја истражува Буризма заради перење пари и даночна евазија во 2014 година. Хантер Бајден ја доби дебело платената функција во одборот на Буризма во 2014 година.
Треба ли да се каже, на вашингтонскиот наратив за корумпираноста на Виктор Шокин му се придружи гракање од бројни украински НВО-а и други фиданки на тамошното цивилно општество.
Како што факинг Зврлевски им беше пречка, па онда кога дојде Јовески, јелда, мамата мамина му се еба на криминалот.
А она „son of a bitch“ често му е на јазик на американскиот претседател. Последното му е од деновиве, со додаток „глуп,“упатено до новинар кој го праша за инфлацијата: