Адвокат во Њујорк истрпи резил затоа што користел ChatGPT за своите правни истражување како дел од тужба против колумбиска авиокомпанија.
Застапувал клиент кој бил повреден од количка за сервирање додека летал со авиокомпанијата во 2019 година.
Судијата забележал недоследности и фактички грешки во документацијата на случајот, па адвокатот Стивен Шварц признал дека првпат користел ЧетГПТ и не бил свесен дека може да дава лажни содржини.
Шварц во предметот понудил шест други судски случаи како преседани за неговиот случај но се работело за лажни судски одлуки, со лажни цитати.
Подоцна на судијата му пишал дека жали за лошата проценка и се кае за неа, како и тоа дека во иднина никогаш нема слепо да ѝ верува на вештачката интелигенција.