„Светот има инсталирано над еден терават соларен капацитет. Обичните соларни панели имаат капацитет од околу 400 W, па ако се пресметаат и покривите и соларните фарми, може да постојат дури 2,5 милијарди соларни панели“, вели д-р Ронг Денг, експерт за рециклирање од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија.
Според тамошната влада, во Велика Британија има десетици милиони соларни панели, но, недостига специјализирана инфраструктура за нивно уништување и рециклирање.
Ако уште сега не почне да се презема нешто во таа насока, до 2050-та година ќе има планини од расходувани панели.
Месецов во Франција ќе биде отворена првата фабрика во светот посветена на целосно рециклирање на соларни панели. Се надеваат дека на крајот ќе може да извлечат и повторно да користат 99% од компонентите на единицата. Битно е да се извлечат скапоцените материјали вградени во панелите, како што се среброто и бакарот, кои се едни од најтешките материјали за извлекување.
Конвенционалните методи за рециклирање на соларни панели успевааат да го спасат главно алуминиумот и стаклото при што добиеното стакло е со слаб квалитет и се користи главно за плочки или пескарење.
До 2050 година би можеле да се соочиме со над 200 милиони тони соларен отпад на глобално ниво. За контекст: светот моментално произведува вкупно 400 милиони тони пластика годишно.