Државен надзор во рацете на вештачка интелигенција

Британската влада има најмено компанија за вештачка интелигенција која следи стотици илјади медиумски извори и објави на социјални платформи за да се идентификува кој е потенцијално проблематичен. Во компанијата тврдат дека не следат поединци иако во нивните извештаи до работодавецот има податоци и за легитимни објави на јавни личности.

Некои неугледни и навидум празни индустриски магацини во  Јоркшир да ти биле дом за компанија за вештачка интелигенција која во име на британската влада следи што Англичаните објавуваат на интернет и социјалните мрежи.

Компанијата се вика Логично. Има логика.

За да мониторираат она што тие ќе го дефинираат како дезинформации и лажни вести, Владата им има платено 1,2 милиони финти, башка имаат договор со Одделот за култура, медиуми и спорт (1,2 милиони фунти) и со Министерството за здравство и социјална заштита (1,4 милиони фунти) за следење на темата вакцинација.

Задачата се обавува со голтање содржини од стотици илјади медиумски извори и објави на главните платформи за социјални медиуми, по што вештачката интелигенција ги идентификува оние што се потенцијално проблематични.

Фирмата е основана пред шест години од Лирик Џаин, 27-годишен дипломец од Кембриџ, кој првпат ја тестирал технологијата за време на изборите во неговата родна Индија.

Притоа, партнери се и со Фејсбук што им дава огромно влијание врз тоа што луѓето гледаат а што не гледаат. Други клиенти им се американските федерални агенции, индиската изборна комисија и ТикТок.

Иако тврдат дека не следат поединци, во нивните извештаи до работодавецот (владата) до кои дошол британски Телеграф, има логови за легитимни објави од угледни личности, на пример доктор Алекс Де Фигеиридо, статистичар кој го води Проектот за доверба во вакцините.

Кај нас на тема информации и дезинформации, сè уште се користат услуги на аналогни аргати.

10 јуни 2023 - 09:14