Епстин го уценувал Бил Гејтс за афера со руска картаџика

Педофилот со моќни врски кој ѓоа се самоуби во затвор под полна присмотра, му се заканувал на Бил Гејтс дека ќе го раскринка за неговата секс-афера со една руската играчка на бриџ. Вакви ишарети Епстин му пратил на Гејтс откако овој одбил да учествува во еден мулти-милијардерски хуманитарен фонд со ЈП Морган.
 

Бил Гејтс ја игнорирал поканата да стане дел од фондот па Епстин му пратил меил во кој му дал знаење дека знае за неговата афера со Мила Антонова, која се случила во 2010-та година. 

Гејст, кој има кажано дека бриџот е еден од неговите најомилени хобија, ја запознал Антонова на бриџ турнир кога тој имал 55, а таа била во своите 20-ти години.

Епстин неа ја запознава во 2013 година, кога се обидувала да собере финансии за лансирање на онлајн платформа за бриџ. Не го финансирал проектот, но подоцна ѝ платил за некакво школо за софтверско кодирање.

Заканата кон основачот ма Микрософт била упатена во 2017 година кога Епстин од Гејтс побарал надомест за школувањето на Антонова, со тон што имплицира дека знае за аферата и може да ја разоткрие.

На приказната на Вол Стрит Журнал, службите на Гејтс одговараат дека тој никогаш немал финансиски релации со Епстин и дека тие се имаат среќавано чисто на филантропски теми.

Мила Антонова се има запознато со Џефри Епстин преку советникот на Бил Гејтс, Борис Николиќ.

22 мај 2023 - 15:00