Разно

Најголемите бренд утки во 2012.

Некои го утнале моментот, некои не успеале да ја натераат публиката да ја сфати поентата, на некои едноставно ништо не им успеало.

Колку вработени би му требале на Дедо Мраз без магијата?

Во светот во моментов има околу 760 милиони деца кои се христијани. Експерти на УПС и ФедЕкс седнале да пресметаат колку вработени би му требале на Дедо Мраз на секое од овие деца да им испорача по еден поклон.

Шведските Инстаграм немири

Девојка на Инстаграм започнува да објавува фотографии и информации за "дрољи" во Гетеборг. Неколку десетици слики и неколку дена подоцна, средношколците од градот ја бараат девојката за да ја линчуваат.

Војната за Дедо Мраз

Во некои поедноставни времиња NORAD (North American Aerospace Defense Comman) соработуваше со Гугл во следењето на патеката на Дедо Мраз и сите ги гледаа нив. Минатата година го раскинаа договорот и сега NORAD соработува со Микрософт. Гугл си продолжи по свое.

Студирањето економија ве претвора во лажго

Истражувачи од универзитети во Монтреал и Мадрид, анализираат дали студиите по економија ги направиле студентите да бидат по подготвени да излажат за некаква финансиска добивка. Одговорот: убедливо ДА.

Оружјето и САД

По масакрот во Њутаун луѓето не го бараат виновникот (бидејќи во основа и тој беше дете, кое имаше оружје при рака) туку бараат воведување на контрола на оружјето. Колку за појаснување на целата ситуација, она за што се борат во моментот Американците е да не можеш дома да чуваш полуавтоматски Калашников.

ЦИА се обидува да избрише буква од руската азбука?

Во прашање е седмата буква од руската азбука (Ё - ё) која во последните неколку децении константно ја губи популарноста и која е на добар пат да биде избришана од азбуката. Луѓето кои ја бранат буквата сметаат дека сето ова е масло на ЦИА.

Најбизарните реклами во 2012.

Мнозинстовото од рекламите кои се појавуаат денес се предвидливо безбедни и јасни. Оние малкуте кои се спортивни на нив, не мора да значи дека се и подобри ама па за тоа добиваат поени што се обидуваат да бидат поразлични.

Од маалото си патиме

Не само менталните нарушувања, туку и населбата во која моментално живеете и нејзините карактеристики можат буквално да ве излудат, објаснуваат од Универзитетот во Кембриџ.

Порното штети на сеќавањата

Колку повеќе гледате порно толку помалку памтите, е загрижувачкиот заклучок на истражувањето кое доаѓа од земјата која се разбира во порно - Германија. Плус, не сакајќи имаат откриено зошто имате толку дупликати во фолдерот со порно слики.

Само кофеинот вреди во енергетските пијалаци

Составот на енергетските пијалаци може да се подели на состојки кои звучат интересно за реклама и ништо друго (гуарана, жен-шен...), и состојка (еднина) која всушност ви дава енергија - кофеин.

Кутрите прејадени белци

Во натпревар кој не изгледаше дека воопшто се води, Западот успеа да ја победи Африка и сега наспроти целата иронија на ситуацијата и официјално прејадувањето прерасна во поголем светски проблем отколку гладот.

Зошто ќе го дочекаме 22-ри декември

Иако генералниот став е: "Ако можеа Маите да предвидуваат крај на цивилизацијата, што не го предвидоа својот," сепак многумина уште се уверени во апокалиптичноста на 21-ви декември. Доволно луѓе за НАСА да се вмеша во целата работа.

Добро е, можело

Во конкуренција од 200 пријавени македонски веб сајтови, нашево галениче off.net.mk e прогласен за сајт на годината. Нема да се потресуваме околу наградата но, убаво е. Особено што доаѓа во година во која решивме дека не е страшно да пробаме одново да ја започнеме нашата веб приказна. Наградата им ја посветуваме на сите кои не се плашат да направат нешто од почеток.

Британија може раат да го чека Божиќ

Во Саутемптон се укотви најголемиот брод за контејнери во светот, 396 метри долгиот Марко Поло, до врв наполнет со кинески производи кои треба да завршат како подароци за Божиќ.

САД забрани лудаци

Како ретко кога Претставничкиот дом на САД се обедини по едно прашање и со 398 гласови За и 1 Против го донесе законот со кој се забранува користењето на зборот - лудак.

Како СССР ги нас'ска Јапонците на Перл Харбор

Јапонскиот напад на Перл Харбор е исклучива заслуга на Советите, кои користејќи го својот шпион во Белата Куќа, Хари Декстер Вајт (лик со огромно влијание врз Рузвелт), креираат состојба во која јапонскиот напад на САД станува неизбежен.

Шиткачите

Добротворниот концерт за Сенди успеа на едно место да ги собере Пол МекКартни, Брус Спрингстин, Стоунси, Ерик Клептон и шиткачи на карти кои најверојатно ќе го извадат најголемиот ќар од концертот.

Пиењето чај, една од големите победи на феминизмот

Тргајќи по логиката: "чај пие само жена што нема работа, а жена што нема работа е опасна за општеството во целина," жените до пред само нешто повеќе од 100 години не смееле да помислат на чајанки.

Тетовиран живот

За разлика од тетоважите на криминалците низ остатокот од светот, секоја тетоважа на руски затвореник има конкретно значење, а за тие што се разбираат во целата работа, тетоважите го раскажуваат животот на затвореникот.

Направи сам - кола

Реклама за машинче за по дома со иста функционалност како сифоните за правење сода (од времето), е најновиот кошмар кој во Британија ги вознемири Кока-кола и Пепси.

Номен ест опомен

Кога детето ви се вика Џихад а живееете во Европа, не е баш најпаметно да го пратите во градинка со маица на која е напишано неговото име и датумот на неговото раѓање - 11-ти септември. И на маицата уште да пишува: Јас сум бомба!

Лотарија за вработување

Секој што ќе потроши над 30 евра во еден италијански супермаркет ќе учествува во извлекувањето за работно место во супермаркетот. Не сите се пресреќни со ваквата рекламна кампања сред една најголемите кризи на земјата.

Декемвриски "25-ти мај"

Казахстан и нејзиниот претседател Нурсултан Назарбаев вчера (1-ви декември) обележаа еден голем национален празник - Денот на првиот претседател на Казахстан. Погодете кој е првиот претседетал на Казахстан.