Потегот е во знак на протест против законот со кој промоцијата на хомосексуалноста меѓу младите во Русија ќе биде казнива. Законот беше изгласан на 25-ти јануари со 388 гласови за и 1 против.
Според критичарите, законот дозволува казнување на луѓе и за работи како бакнување на партнер од ист пол во јавност или давање на про-ЛГБТ совети на млади луѓе.
"Амстердам со знамето сака да ја искаже својата загриженост. Амстердам е посветен на создавање на отворен и толерантен град во кој секој може да биде она што е," изјавил портпаролот на градскиот совет.